Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Јавна опомена за „Пелистерка“ за непочитување на берзанските правила

27 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1466 прегледи

Следете не на Viber

„Пелистерка“ заработи јавна опомена за непочитување на берзанските правила. Компанијата не ги објавила во определениот рок одлуките од акционерското собрание.

„На друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата, поради необјавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок, со што не постапи согласно член 39, став 7 од Правилата за котација“, се вели во известувањето од Македонска берза.

И досега од берзата е изрекувана ваква мерка. Според посочениот член, издавачите од сите подсегменти се должни да ја објават содржината на одлуките кои се однесуваат на: усвојување финансиски извештаи; распределба на добивка; распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар; измени во правата на издадените хартии од вредност; промена на членови на органи на управување; статусни промени на друштвото; за голема зделка; за зделка со заинтересирана страна.

Тоа треба да се направи најдоцна до „почетокот на тргувањето на првиот следен ден на тргување после денот на нивното донесување од Собранието на акционери“. Исто така, предвиден е и времен прекин на тргување со акциите на друштвото кое отстапило од пропишаното правило.

Клучни зборови

  • јавна опомена
  • Македонска берза
  • пелистерка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk