Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ – дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот

12 мај 2023 г.·2 мин читање·468 прегледи

Следете не на Viber

Под мотото „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ утре (сабота, 13.05.2023) ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти. Дефилето за велосипедистите започнува во 11.00 часот и ќе стартува од велосипедската патека на кејот на реката Вардар кај хотел Holiday Inn, а мотоциклистите ќе тргнат од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во 11.30 часот. Двете групи ќе се сретнат на целната локација, на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Сите кои сакаат да дадат поддршка можат се приклучат на ова дефиле и да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.

Дефилето кое ќе се одржи под мотото ,,ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ” е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“. Целта на настанот е зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигнување на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот.

На учесниците кои први ќе пристигнат на почетните позиции, ќе им бидат доделени стартни пакети од страна на РСБСП. Како дополнителна поддршка на настанот, а во рамки на својата кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „ЈАС ВНИМАВАМ“, компанијата ОКТА ќе обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитни кациги за учесниците во дефилето.

Клучни зборови

  • велосипедисти
  • Дефиле
  • ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ
  • мотоциклисти
  • окта
  • сообраќајна култура
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk