Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје

5 јун. 2026 г.·4 мин читање·1583 прегледи

Следете не на Viber

Деловните врски на „Алкалоид“ со компаниите од Јапонија датираат од 1978 година, кога беше воспоставена соработката со корпорацијата „Фуџи филм“. Тогаш, со лиценца од овој партнер, беше пуштена во употреба фабриката за производство на рендген-филмови, со што „Алкалоид“ стана еден од само двата лиценцирани производители на вакви филмови во Европа.

Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, во чии рамки беа претставени работењето на компанијата, нејзините финансиски резултати и клучните стратешки насоки, со акцент врз извозниот развој, инвестициите и одржливиот раст.

Речиси петдецениската традиција на соработка со јапонски компании, започната со „Фуџи“, денес продолжува преку сегментот за хемодијализа, преку кој „Алкалоид“ успешно соработува со реномираните јапонски компании „Нипро“ и „Никкисо“, развивајќи заеднички деловни активности на повеќе пазари. Јапонската деловна нишка продолжува и преку „Алкалоид КОНС“, кој повеќе од една деценија успешно застапува производи од портфолиото на јапонскиот фармацевтски гигант „Такеда“.

Преку програмите на Јапонската асоцијација за техничка соработка и одржливи партнерства (AOTS), дел од менаџментот на „Алкалоид“ се здоби со нови знаења и вештини на специјализирани обуки во тренинг-центрите на организацијата во Осака, Нагоја и во Токио.

По официјалниот дел, делегацијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, Живко Мукаетов, ги посети Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој, при што имаше можност одблизу да се запознае со високото ниво на технолошка опременост, применетите високи стандарди и со стручниот кадар кој управува со процесите. Во Институтот за истражување и развој беа презентирани и современите лабораториски системи и аналитичката опрема од реномирани јапонски производители, кои се дел од напредната истражувачка инфраструктура на компанијата.

Во контекст на долгогодишните врски на „Алкалоид“ со јапонски компании, како и на стратешката определба за меѓународен раст, посетата на Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара претставува дополнителен поттик за унапредување на соработката и за развој на нови партнерства со јапонскиот бизнис-сектор.

Амбасадата на Јапонија во Скопје е голем поддржувач на македонското здравство, со голем број остварени донации и доделени грантови за неколку здравствени капацитети во земјава.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • јапонија
  • Фуџи филм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk