Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јануарските сметки за струја „ослободени“ од пристап до мрежа – 200 денари по грешка наплатени во декември

24 јан. 2024 г.·2 мин читање·1009 прегледи

Следете не на Viber

Во сметките за потрошена струја за јануари, кои граѓаните ќе ги добијат во февруари, нема да биде пресметан новововеденот надомест за пристап до мрежа од 200 денари. Со ова се коригира направената грешка во сметките за декември, во кои е ставен за наплата и тој износ. Целта е да се зајкне довербата меѓу потрошувачите и операторот, и да се докаже дека никој не остварува екстра профит од оваа давачка, посочи претседателот на Регуларната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

„За да се зголеми довербата кај граѓаните и да знаат дека никој не остварува екстра профит, во јануарската сметка за потрошена електрична енергија, која граѓаните ќе ја добијат во февруари, нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, посочи Бислимоски.

Како што појасни, РКЕ го прави ова за да ги убеди сите дека новиот надомест нема да биде екстра профит за ниту една компанија.

„Едноставно довербата која што треба да се гради помеѓу потрошувачите од една и операторот на дистрибутивниот систем од друга страна, мора да ја промовираме и да ја зголемуваме и во таа насока уште еднаш потенцирам дека во јануарските сметки кои граѓаните ќе ги добиваат во месец февруари, ќе го нема надоместокот од 200 денари“, нагласи првиот регулатор.

Инаку, надоместот е вкалкулиран согласно одлуката на РКЕ и стапи во сила од  први јануари. Во сметките за февруари повторо ќе бидат пресметани утврдените 200 денари за пристап до мрежа.

Клучни зборови

  • пристап до мрежа
  • РКЕ
  • сметки за струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk