Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јануарскиот просек на плата изнесува 33.943 денари

21 мар. 2023 г.·2 мин читање·2101 прегледи

Следете не на Viber

Во првиот месец од годинава просечната исплатена нето-плата изнесувала 33.943 денари. Споредено со состојбата од јануари 2022, индексот е 113.2, покажуваат последните статистички податоци.

Просекот го кренале зголемените примања во секторите транспорт и складирање за 23,4, градежништво  – 20,9 и во информации и комуникации за 17,3 насто.

Во однос, пак, на декември, според податоците од Државниот завод за статистика, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата била регистрирана во градежништво за 5,1, во преработувачката индустрија – пет и во трговијата на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли  за 3,5 отсто.

Според бројките, платите се во пораст. Движењата кај месечните примања се присутни во последниов период. Минималната плата се зголеми за 12,55 насто и дојде до 20.175 денари. За десетина дена пензионерите ќе ја добијат мартовската пензија повисока за 8,4 проценти, со што просекот во овој сегмент се помести на 19.150 денари.

Околку потрошувачката кошница, пак, се крена врева. Синдикатот за февруари пресмета трошоци од минимум 50.909 денари, потребни за месечните потреби на четиричлено семејство. За министерот за економија тоа е погрешно, бидејќи синдикалците, како што вели, два пати ја пресметуваат инфлацијата – во цената на секој производ и како посебна ставка.

„Во методологијата на пресметка на минималната плата на Сојузот на синдикати, а тоа се податоци на кои се повикуваме и ние при носење на мерки, инфлацијата е пресметана два пати, и затоа сметам дека овој податок не треба да се земе предвид од август па наваму“, рече кажа министерот Крешник Бектеши.

Од тој месец, нагласи, се забележува дека има плус ставка во пресметката на минималната кошница – „дополнително се пресметува инфлацијата, иако во секој елемент поединечно е пресметана, посебно во делот на храна и пијалоци, посебно во делот на облека и обувки, посебно во делот на превоз…“. Затоа, вели „во моментот сме стигнати на 2,1 плата за покривање на миминалната синдикална кошница во однос на тоа што било претходно“. Или, ако во 2012 година требале 3,9 плати, во 2013 и 2014 – четири, од 2017 до денес има само надолен тренд.

Кој е во право, чија кошничка е попрецизна, најдобро знаат граѓаните, без оглед дали примаат просечна плата, пензија или минималец.

Клучни зборови

  • потрошувачка кошничка
  • просечна плата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk