Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

3 дек. 2024 г.·3 мин читање·1859 прегледи

Следете не на Viber

Во премиерната епизода на подкастот „Бизнис клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески разговара со Иво Јанкоски, сопственик на продукциската куќа „Трето уво“, човек кој остави траен белег во македонската култура и музичка индустрија. Во разговорот Јанкоски, кој воедно е креатор и продуцент на серијалот „Бизнис клуб“, посочува дека подкастот е создаден за да ги афирмира македонските бизнисмени кои, и покрај нивните значајни достигнувања, често остануваат на маргините на медиумската сцена.

„Имаме луѓе кои успешно го водат бизнисот и во земјата и надвор од границите на државата, го билдаат македонскиот БДП, вработуваат илјадници луѓе и ја движат економијата напред. Но, за жал, тие ретко добиваат медиумска видливост. Сакавме да создадеме содржина која ќе биде спротивност на скандалите и негативните вести. Така се роди идејата во дигиталните медиуми да креираме една интересна содржина која ќе направи афирмација на таквите млади и успешни бизнисмени и која ќе биде спротивност на содржините исполнети со црна хроника, со скандали и со претставување на личности кои немаат суштински што да кажат“, истакна Јанкоски.

Иво Јанкоски е дипломиран економист, но познат како продуцент, менаџер, издавач и промотор кој ја основал првата македонска независна издавачка куќа „Трето уво“. Во разговорот со Азески, тој зборува и за предизвиците во музичката индустрија во Македонија и прави споредба со светските музички состојби и трендови. Тој исто така ги пренесува почетоците и соработката со групата „Леб и Сол“, Влатко Стефановски, Анастасија, Кирил Џајковски, Вања Лазарова. Зборува и за настанот Балкански Музички Плоштад и основањето на М2 Продукција, која откри многу нови таленти.

Зошто Стопанската комора?

Серијалот “Бизнис клуб“ е заеднички проект на Стопанската комора на Северна Македонија и Трето Уво. Според Јанкоски, Комората е природен партнер за овој потфат, бидејќи таа претставува заеднички именител за македонскиот бизнис сектор:

„Комората е местото од каде тргнуваат главните текови во економијата, каде се решаваат предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, но и се раѓаат новите идеи за развој на позитивна бизнис клима“, вели Јанкоски.

Улогата на Бранко Азески

Како домаќин на подкастот, Азески внесе доза на искуство и визија.

Тоа е  човекот со долгогодишно искуство, добар познавач на бизнисот и бизнис-состојбата во нашата земја, но и на премрежијата низ кои поминаа нашите компании трасирајќи го патот на македонската економија; човекот познат и признат од бизнис заедницата кај нас, во регионот и пошироко и човекот со најмногу бизнис релации во земјава и пошироко.

Премиерната епизода на подкастот „Бизнис клуб“ на линкот подолу.

Biznis klub so Branko Azeski | Gostin: Ivo Jankoski | S01E01

Клучни зборови

  • Бизнис клуб
  • Стопанската комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk