Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЕдукација

Јаневска: Во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава

26 дек. 2025 г.·2 мин читање·1683 прегледи

Следете не на Viber

Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или, пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба и за тоа да се користат постојни дигитални алатки. За новото системско решение, кое стартуваше од почетокот на оваа учебна година, на денешната панел-дискусија говореа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, како и Милка Тримчевска – директорка на Бирото за развој на образованието, Марија Вук – претседателка на НВО САНО и Маја Георгиева-Павловски, психотерапевт, семеен и системски советник.

„Исправивме една голема неправда од минатото и спречуваме eден облик на дискриминација да се провлекува во иднината. За да може да се реализира наставата спроведовме обуки за над 160 наставници во 83 училишта. Подготвивме и прирачник за наставници со јасни инструкции како да ги вклучуваат децата во настава, преку која форма, како да водат педагошка евиденција, да го проверуваат знаењето на учениците. Според сите информации што ги добивам од училиштата, од наставниците, родителите и од здружението САНО, ова решение одлично функционира“, посочи   министерката Јаневска.

Изминатите четири месеци на ваков начин триесеттина деца биле вклучени во настава. Министерката рече дека реакциите на учениците, родителите и наставниците укажуваат дека ова решение, кое ја подигнува инклузивноста на нашиот образовен систем, е одржливо.

„Секогаш ќе има деца кои ќе се соочуваат со здравствени предизвици и ниту едно не смее да биде изолирано од настава. Затоа е важно да бидат информирани за можноста, а наставниците се тие што треба први да ги запознаат дека физичкото отсуство од училница не значи и застој во образованието. Изготвивме и брошура наменета и за ученици и за родители за да се запознаат со оваа можност“, укажа Јаневска, додавајќи дека новото решение може да функционира затоа што е резултат на заедничка заложба на невладиниот сектор, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство.

Клучни зборови

  • Весна Јаневска
  • образование
  • онлајн настава
  • ученици
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk