Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јаглеродната такса на ЕУ ќе ги затвори земјите од Балканот во регионалната рамка

15 дек. 2025 г.·3 мин читање·960 прегледи

Следете не на Viber

Со имплементација на јаглеродната такса ќе се блокира интеграцијата на земјите од Западен Балкан со земјите членки на ЕУ, затоа што така оптоварена крајната цена на електричната енергија нема да биде конкурентна. На ова предупреди претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, говорејќи во Приштина, на трибината „Центар за енергетска политика на Западен Балкан“, на која присуствуваа амбасадори, високи економски дипломатски експерти, енергетичари од Енергетската заедница и од Европската комисија.

Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на таа такса кај земјите членки на Енергетската заедница, ќе се наруши можноста за формирање на заеднички европски пазар. Односно ќе се случи тргување со струја исклучиво помеѓу земјите кои не се членки на Унијата.

Како што истакна Бислимоски, крајната цена на електричната енергија што се нуди на отворениот пазар нема да биде конкурентна.

„Ние може да ја усвоиме најдобрата легислатива, но клучно е какви резултати дава имплементацијата на одреден закон во пракса. Сите земји членки на Енергетската заедница соработуваат и испорачуваат реформи, затоа што тоа е единствениот начин да се оди напред. Кaj нас усвоени се првиот, вториот и третиот, а сега и четвртиот енергетски пакет се имплементира. Ако се анализира изминатиот период може да се заклучи дека сите земји одат напред: берзите за електрична енергија функционираат, имаме зајакнување на меѓуграничните капацитети, а тоа е подготовка за спојување на пазарите што, пак, ќе придонесе кон привлекување на нови инвестиции“, рече Бислимоски, додавајќи дека Западен Балкан има сонце и ветер, па од почетокот на енергетската криза сите инвестиции се токму во постројки од обновлив извори.

Сепак, нагласи, производството на струја од јаглен е присутно и доминантно, затоа што од овој ресурс се обезбедува базна енергија што е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем:

„Со имплементација на јаглеродната такса ќе се блокира интеграцијата на земјите од Западен Балкан со земјите членки на ЕУ. Нема шанси сопственик на производствен капацитет од овие земји да извезува надвор од ЕУ и ќе останеме затворени во регионална рамки”.

Воедно, посочи на неопходноста граѓаните да ги почувствуваат бенефитите од реформите и затоа Европа треба да е свесна дека тие мора да бидат поддржани низ процес на субвенции:

„Живееме во средина каде што воздухот е исклучително загаден и трошиме многу пари за лекување на граѓаните. Енергетските реформи се тесно поврзани со животната средина. Прашањето е едноставно – како овие реформи придонесуваат за подобра животна средина? Мерки мора да има, граѓаните мора да знаат дека политиката на реформи во секторот дава резултати и наративот ќе се смени. Неопходно е во целост да се реконструира финансиската помош за ранливите потрошувачи и да се ремоделираат условите за употреба на фотоволатичните централи кај домаќинствата. На овој начин граѓаните ќе разберат дека реформите се за заедничко добро“.

(Фото: Freepik)

Клучни зборови

  • Енергетска заедница
  • јаглеродна такса
  • Марко Бислимоски
  • цена на струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk