Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ЈАДЕЊЕ, ПИЕЊЕ, СМЕТКИ… ЖИВОТОТ НА МИНИМУМ поскап за 772 денари – Ноемвриската кошница 62.021 денар

21 ное. 2024 г.·3 мин читање·1790 прегледи

Следете не на Viber

Расте вредноста на синдикалната минимална кошница. Разликата помеѓу октомври и ноември е 772 денари. Или, од 61.249 натежнала до 62.021 денар. Износот се однесува за просечното четиричлено семејство кое има сопствено живеалиште. Доколку станот од 60 квадрати е изнајмен, тогаш за покривањето на потребите во овој единаесетти месец од годинава се потребни 77.396 денари, затоа што покрај сите трошоци, станарината, заедно со сметките за вода, струја и греење ги чини 21.395 денари.

Од парите што месечно се заработуваат, најголемиот дел – 36,6 проценти, се троши на храна и пијалаци. Во последната синдикална кошница за тоа мора да се одвојат 22.678 денари.

Втората ставка е образование. Според месечните пресметки на ССМ, зафаќа 11,3 отсто од кошницата, или 7.036 денари.

Третата од 11-те ставки, според тоа колкави средства треба да се издвојат, ги опфаќа режиските трошоци – станарина, вода, електрична енергија и греење. Вкупно 6.020 денари со удел од 9,7 проценти.

За да се поднови, на попуст, со по едно парче облека и обувки, на просечното семејство со две деца во ноември му се потребни најмалку 5.659 денари (9,1% од синдикалната минимална кошница).

Следува превозот или ставката транспорт, која во месечните издатоци партиципира со 7,6 проценти. Сумата е 4.727 денари, а тука се подразбира дека семејството располага со мал скромен автомобил, а едното дете има месечна карта.

За рекреација и култура се трошат 4.458 денари (7,2%). Во ресторани и хотели оставаат месечно 3.891 денар (6,3%), а тоа значи дека двапати во текот на месецот се „луксузираат“ купувајќи храна од сендвичара. Ставката комуникации одзема 5,5% или 3.417 денари, а личната и одржувањето хигиена во домот – 1.901 денар (3,1%). Ако никој дома нема здравствен проблем, тогаш за здравје се потрошени 1.135 денари (1,8%) за превентивни или најнеопходни здравствени услуги. А, останатите стоки и услуги повлекле 1,8 проценти и сума од 1.100 денари.

Од кошницата на ССМ се гледа дека не прави голема разлика дали цените на храната слободно се формираат или на сила се владини мерки. Како пример – октомвриската вредност (61.249 денари), кога беа ограничени маржите со одлука на Владата, беше намалена за 57 денари во однос на септемвриската (61.306 денари).

Клучни зборови

  • минимална синдикална кошница
  • ноември
  • ССМ
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk