Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Извршена ревизија на МБИ10 и ОМБ, примената почнува на втори јануари

19 дек. 2023 г.·2 мин читање·1479 прегледи

Следете не на Viber

Од втори јануари 2024 година МБИ10 и ОМБ ќе се пресметуваат по новиот состав, утврден по извршената редовна ревизија од страна на Комисијата за берзански индекс.

Берзанскиот индекс МБИ10 ќе го сочинуваат обичните акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, „Гранит“ АД Скопје, „Алкалоид“ АД Скопје, „Макпетрол“ АД Скопје, „Македонијатурист“ АД Скопје, „Македонски Телеком“ АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и УНИ Банка АД Скопје. Елементите ги определи Комисијата врз основа на Методологијата за пресметување на МБИ10.

За ОМБ – индексот на обврзници на Македонската берза, согласно Методологијата, Комисијата утврди дека елементи ќе бидат: обврзниците за денационализација-четиринаесетта емисија (RMDEN14), обврзниците за денационализација-петнаесетта емисија (RMDEN15), обврзниците за денационализација-шеснаесетта емисија (RMDEN16), обврзниците за денационализација-седумнаесетта емисија (RMDEN17), обврзниците за денационализација-осумнаесетта емисија (RMDEN18), обврзниците за денационализација-деветнаесетта емисија (RMDEN19), обврзниците за денационализација-дваесетта емисија (RMDEN20), обврзниците за денационализација-дваесет и прва емисија (RMDEN21) и обврзниците за денационализација-дваесет и втора емисија (RMDEN22).

Следната редовна ревизија на индексите е предвидена за 17 јуни идната година.

Клучни зборови

  • берзански индекси
  • МБИ 10
  • ОМБ
  • ревизија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk