Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Извозот со голем пад, најголем раст на бруто инвестициите… „Фајнанс тинк“ за првиот квартал

10 јун. 2024 г.·3 мин читање·5923 прегледи

Следете не на Viber

Бруто домашниот производ во првото тримесечје е зголемен за 1,2 проценти на годишна основа, при што ја задржал потиснатата економска динамика од 2023. Релативно воздржаната економска активност е резултат на две главни тенденции – на извозот и на приватната потрошувачка, се вели во „Макроекономскиот монитор“ на „Фајнанс тинк“, во кој се опфатени движењата од јануари до март.

 

„Од една страна, извозот забележа релативно голем пад од 7.8%, подлабок од тој во 2023. Од друга страна, приватната потрошувачка, која сочинува доминантен дел од БДП, порасна за 2%, што претставува солиден раст кој го одразува високиот реален раст на платите (12.9%), иако под просекот од претходната година. Најголем раст во овој квартал забележуваат бруто инвестициите од 23.6%, што е значајно заздравување по негативните стапки во 2023, а резултат на инвестициите во машини и новата акумулација на залихи“, се вели во извештајот.

Притоа, се посочува дека кај производната страна растот целосно е создаден од услужниот сектор (4.4%). Наспроти тоа, земјоделството (-19.7%), индустријата (-1.2%) и градежништвото (-2.5%) бележат значајни падови, поголеми од тие во претходниот квартал.

„Воздржаноста на економската активност посебно се забележува кај движењата на пазарот на трудот. Во првиот квартал од 2024 невработеноста незначително се намали на 12.9% (од 13% во претходниот квартал). Вработеноста и неактивноста благо се намалија на 45.4% (од 45.5% во претходниот квартал), односно на 52.1% (од претходните 52.2%). Обесхрабрувањето во барањето работа и пасивизацијата на работната сила започнаа уште во текот на пандемијата и оваа тенденција опстојува до денес“.

Што се однесува до инфлацијата, се укажува дека во првото годинешно тримесечје останала на истото ниво како и во претходниот квартал – 3.4% на годишна основа.

„Спласнатите глобални притисоци кај храната и енергијата и сe’ уште замрзнатите цени на избрани прехранбени производи во дел од овој квартал, како и забавувањето на преносот на инфлациските притисоци врз пошироката потрошувачка кошничка овозможија забавување на растот на цените уште кон крајот на 2023 година, но во овој квартал, притисокот не се намали понатамошно, во значаен дел поради преостанати варијации кај цените на храната“.

 

Од „Фајнанс тинк“ наведуваат дека благи позитивни поместувања од сегашната воздржаност во економијата се очекуваат во втората половина од 2024 година. Изгледите во поглед на инфлацијата остануваат поволни, но зависат од се’ уште присутни критични фактори.

Воедно, ги задржуваат претходните проекции за годинешен раст на БДП од 2.7 и за зголемување на цените од 3.8 проценти.

Клучни зборови

  • БДП
  • Извоз
  • инвестиции
  • инфлација
  • Макроекономски монитор
  • потрошувачка
  • прв квартал 2024
  • Фајнанс Тинк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk