Известување за променa на работното време на експозитурите на ТТК Банка од 9.4.2020 година
Borjan2 мин читање

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека согласност со засилените мерки за спречување на ширење на корона вирусот и посебниот режим на движење во вонредни околности Ве информираме дека филијалите и експозитурите на TTK Банка АД Скопје ќе работат секој работен ден од понеделник до петок со скратено работно време од 08 до 14 часот при што саботите ќе бидат неработни, со исклучок на експозитурата во Дебар која ќе работи со скратено работно време од 08 до 12 часот од понеделник до петок. Шалтерот Палма Мал, Тетово и експозитурите Тетово АРМ, Куманово 1 и Скопје- Автокоманда времено не работат.
За Ваша заштита и заштита на Вашите блиски, минимизирајте ги посетите на експозитурите доколку не се неопходни, останете во својот дом и искористете ја можноста да ги реализирате денарските трансакции 24/7 преку мобилното и електронско банкарство без трошоци до 30.04.2020 година.
При неопходна посета на експозитура од Банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.