Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаФинансии

Изненадувачки бројки во банкарскиот сектор во Јадранскиот Регион: Кој е на врвот, а кој назадува?

12 сеп. 2025 г.·2 мин читање·7239 прегледи

Следете не на Viber

Профити во банкарскиот сектор во Јадранскиот Регион Првата половина од 2025 година ги обои во црвено полињата во билансите на банките во Јадранскиот Регион коишто ги споредуваат полугодишните профити од оваа година со рекордните резултати минатата година. Со исклучок на банкарскиот сектор во Словенија и во Србија, во другите држави од овој регион показателите за вкупната добивка на банките се со стрелка надолу. Но, тоа веројатно не загрижува многу затоа што падот, со исклучок на Црна Гора, не е драстичен, а добивките на банките во вкупен апсолутен износ и натаму се во стотици милиони евра. Како точно изгледаат бројките во билансите на банкарскиот сектор во Јадранскиот Регион, сумирани од страна на централните банки? Во апсолутен износ, најголема е вкупната добивка на банките во банкарскиот сектор во Хрватска, која изнесува 795 милиони евра за првата половина од оваа година, но споредено со истиот период од минатата година е намалена за 1,4 насто. Кај банкарскиот сектор во Словенија, пак, е регистриран најголем раст на вкупната добивка, од дури 11,1 насто. Во првата половина од 2025 година словенечките банки имаат вкупна добивка од 551 милион евра, а во истиот период лани имале 490 милиони евра. Во позитива е и банкарскиот сектор во Србија, со раст на вкупната добивка од 2 насто. Вкупниот профит на српските банки во првото полугодие изнесува 775 милиони евра, а во првата половина од 2024 година бил 760 милиони евра. Најголем пад на профитот, пак, има кај црногорските банки, од дури 19,8 насто. Централната банка на Црна Гора објави дека за шест месеци оваа година црногорските банки оствариле вкупна добивка од 70 милиони евра, а во 2024 година, за истиот период, оствариле 87 милиони евра. На што се должат овие резултати? Во Македонија банкарскиот сектор во првите ше…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • анализа
  • банкарски сектор
  • банки
  • добивка
  • јадрански регион
  • профит
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk