Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ИЗМАМИ ОД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ПЛАЌАЊЕТО СО КАРТИЧКИ – Е-трговијата најпогодна за дубари

15 апр. 2024 г.·3 мин читање·3931 прегледи

Следете не на Viber

Во трансакции извршени со платежни картички измамени се 5.018 граѓани и 607 правни лица, при што се оштетени за вкупен износ од речиси 300 илјади евра. Најголем дел од македонските граѓани се „изгореле“ во е-трговијата. Бројките се за 2023 година, а оваа статистика е дел од неодамнешниот извештај на Народната банка за употребата на платежните картички.

Податоците за измамнички иницираните платежни трансакции се класифицирани според платежните услуги – кредитни трансфери, директни задолжувања, платежни трансакции засновани на картичка (со исклучок на картичките со функција на електронски пари), платежни трансакции со електронски пари, парични дознаки и други платежни услуги.

Граѓаните се измамени со вкупно 14.355.626 денари или 233,2 илјади евра, додека кај фирмите се работи за износ од 3.678.861 денар, односно близу 60 илјади евра.

Најниската стапка на измами е кај кредитните трансфери иницирани електронски. Тука се прејдени 14 лица со износ од 492.250 денари (близу осум илјади евра).

Затоа пак, 4.880 граѓани и 527 правни лица се оштетени во платежни трансакции со картичка. Станува збор за суми од 12.811.293 денари (над 208 илјади евра) кај физичките и од 3.251.577 денари (близу 53 илјади евра) кај правните лица. Од нив, при повлекувањето готовина од банкомати се измамени 11 лица за 44.704 денари (726 евра), а 56 лица при плаќањата преку ПОС терминалите на продажните места со сума од 378.406 денари (над 6.100 евра). Најголемите измами се направени во е-трговијата. На ова поле лошо искуство стекнале 4.813 граѓани, кои претрпеле вкупна штета од 12.388.183 денари (201,26 илјади евра). Воедно, и 527 правни лица – за 3.251.577 денари (близу 53 илјади евра).

Понатаму, податоците на Народната банка покажуваат дека во платежните трансакции со платни инструменти засновани на картичка што ги прифаќа резидентен ДПУ, измамени се 124 граѓани со 1.052.083 денари (над 17 илјади евра) и 80 правни лица со 427.284 денари (речиси седум илјади евра). Тоа е изведено преку трансакции на терминалските уреди на физичките места на продажба, каде што биле наседнати 43 граѓани за 365.375 денари (безмалку шест илјади евра) и 41 правно лице за 107.126 денари (1.740 евра). Исто така, измамите се направени и низ трансакции во е-трговијата, при што 81 лице се соочило со вкупна штета од 686.708 денари (над 11 илјади евра), а 39 фирми со 320.158 денари (5.200 евра).

И покрај лошото искуство што го доживеале одредени корисници на платежните картички, сепак, нивната примена е сѐ позастапена. Во последниот извештај на Народната банка се констатира дека употребата на картичките е зголемена за 18, а вредноста на извршените трансакции за 17 насто.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • е-трговија
  • измами
  • Платежни картички
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk