Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФондови

Издвојувај колку сакаш и кога сакаш за посигурни пензионерски денови

10 сеп. 2019 г.·4 мин читање·130 прегледи

Следете не на Viber

Може да издвојувате кога сакате и колку сакате. Некогаш повеќе, некогаш помалку. Или во некои месеци ништо да не уплатите. Можете и да заборавите дека сте издвојувале. Но на почетокот на годината „зелениот плик” кој ќе го добиете на ваша домашна адреса со информација за тоа колку пари сте заштеделе и за колку истите се зголемени во текот на претходната година, ќе ве потсети дека можеби е добро да продолжите со штедење за пензија. А за издвоените средства ќе добиете поголем приход отколку со класично штедење во банка. Ова го овозможува членството во некое од друштвата кои работат во рамките на третиот пензиски столб, односно во доброволното пензиско осигурување кое е замислено така луѓето во период кога се најпродуктивни да можат да одвојуваат и штедат.

Притоа, заштедените пари остануваат „сигурни” дека во некој момент нема да ги повлечете и да ги потрошите за гардероба, мебел, техника или некоја друга потреба, туку дека ќе останат да се чуваат и оплодуваат за посигурна старост. Средствата кои се собираат на индивидуалните сметки во третиот столб се наменети единствено за пензија и можат да се повлечат најрано десет години пред возраста за стекнување право на старосна пензија, што во моментов значи најрано на возраст од 54 години за мажи, односно 52 години за жени. Доколку останат на вашата сметка до заминување во пензија, средствата ќе можат да се исплатат со еднократна или повеќекратна исплата, како пензиски ануитет, со програмирани повлекувања, или со комбинација од овие опции. Собраните средства на индивидуалната сметка на секој од членовите се наследни.

Во КБ Прво пензиско друштво, како лидер во пензиското осигурување во земјава, издвојувањето средства на доброволна основа во третиот пензиски столб е организирано во рамките на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд во кој, според месечниот извештај на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на крајот на јуни имаше 14.385 членови кои на овој начин штедат за посигурна старост. Дел од членовите одвојуваат на индивидуална основа, додека голем број фирми во пензиски шеми издвојуваат за над 11.000 вработени. За да се стимулира штедењето преку пензиски шеми, фирмите доколку уплатат две бруто плати, или околу 72 илјади денари, на годишно ниво се ослободуваат од сите придонеси и данок на личен доход и овие средства се сметаат како признат трошок на фирмата. За износот на уплатите кои се над овој износ, фирмата е должна да плати данок на личен доход и овој износ не е признат како трошок на компанијата.

Последниве години расте интересот за дополнително издвојување средства за посигурна старост. Независно од задолжителното издвојување средства преку личниот доход – во државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (прв столб), односно и во некој од приватните пензиски фондови од вториот столб, сè повеќе вработени граѓани издвојуваат пари во третиот пензиски столб со цел да си обезбедат повисок приход по пензионирањето.

Но исто така, се издвојува и за да се обезбедат пензиски приходи и на лица кои не се вработени или спаѓаат во категоријата на долгорочно невработени лица, за оние кои немаат приходи по ниедна основа или за лица вработени на проекти. Штедењето во третиот пензиски столб станува сè поинтересно и поради фактот што многу млади денес работат преку интернет, па уплата на средства на сопствена сметка може да им обезбеди еден ден да имаат пензија.

Статистичките податоци покажуваат дека членови во доброволните фондови во најголем број се млади лица (на возраст од 36 до 40 години). Односно, речиси половината од членовите се на возраст од 36 до 45 години. Членовите кои имаат професионална сметка, пак, се повозрасни во однос на членовите со индивидуална сметка. Просечната возраст на сите членови вкупно е 44 години.

Клучни зборови

  • КБ Прво пензиско друштво
  • МАПАС
  • пензиски друштва
  • пензиски фондови
  • ФПИОСМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk