Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисНедвижности

НАЈМНОГУ СТАНОВИ ЌЕ ИМА ВО САРАЈ – Издадени само 280 дозволи за градење

14 сеп. 2023 г.·3 мин читање·847 прегледи

Следете не на Viber

Градежните активности се во фаза на опаѓање, потврдуваат последните податоци на Државниот завод за статистика – во јули се издадени 280 одобренија за градење, што е за една година претставува намалување од 33,6 отсто. Ова се надоврзува кон претходно објавените информации, според кои, во второто годинешно тримесечје градежниот сектор се соочил со најголем пад – од 21,8 проценти.

Издадените дозволи за градење се со предвидена вредност на објектите од 4.147.120 илјади денари или 67,3 милиони евра. Што исто така е помалку во однос на истиот месец од претходната година, и тоа за 33,2 отсто.

Најмалку одобренија се побарани и издадени во Североисточниот регион на државата, само девет. Потоа следуваат Југоисточниот со 21, Југозападниот 28, Пелагонискиот 30, Вардарскиот 34, Полошкиот 41, Источениот – 44. Вообичаено, најголемиот дел од дозволите се однесуваат за Скопскиот регион. Изадени се 73 одобренија за градба со вкупна предвидена вредност од 1.158.979 илјади денари/18,8 милиони евра.

Како што покажува статистиката, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 односно 47,8 проценти се наменети за објекти од високоградба, 89 (31,8%) за нискоградба и 57 (20,4%) за реконструкција.

Притоа, на 139 објекти (49,6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 141 (50,4%) инвеститори се деловни субјекти.

Со добиените дозволи треба да се изградат 218 станови, со вкупна корисна површина од 25.615 квадратни метри. Во Скопскиот регон ќе се градат 107 станови со квадратура од 9.746. Но, ако досега скопската Општина Центар беше најатрактивна за изградба на станови, овој пат приматот е кај Сарај. Таму е предвидена изградба на 42 стана со вкупно 2.854 квадрати. Ќе се гради и во Центар – 27 станови со површина од 2.224 метри квадратни.

Инаку, дека има потфрлување во обемот на градежните активности покажува и состојбата со одливот на работната сила во овој сектор. Статистички е потврдено дека во последните пет години бројот на градежни работници е опаднат под 50 илјади, а само за една година е намален за околу 12.000. Освен тоа, и првиот владин вицепремиер пред некој ден упати апел граѓаните да се пријавуваат за ангажман при изведбата на градежните работи на коридорите, бидејќи „Бехтел и Енка“ имаат потреба од две илади работници. Познато е, конзорциумот се обиде да регрутира заинтересирани за работа преку саем за вработување.

Клучни зборови

  • градежништво
  • нови станови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk