Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стопанска банка ги издаде првите 5.000 картички Купувам Домашно во текот на денешниот ден.

12 јун. 2020 г.·2 мин читање·136 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска банка започна со издавање на #КупувамДомашно картичките, со ставање на располагање на првите 5.000 картички во текот на денешниот ден.

Согласно планот за изработка и издавање на над 110.000 картички, Стопанска банка АД – Скопје веќе испрати за 5.000 клиенти СМС порака со повик денеска да си ги подигнат своите картички од филијалите на Банката.
Клиентите одговорно, следејќи го препорачаниот термин, ги посетуваат филијалите и ги добиваат картичките со што дел од нашите граѓани веќе ги имаат финансиските средства на располагање, велат од банката.

Со оваа динамика, Банката ќе ги изработува и издава картичките и во следните денови за што подготвен е и посебен режим на работа на филијалите кој придонесува да не се нарушат секојдневните интеракции со клиентите за останатите банкарски услуги.
Банката на дневна основа продолжува да испраќа СМС порака со покана за подигнување на картичката од филијалите на Банката со што клиентите се навремено информирани и немаат потреба од посета на филијали или јавување во контакт центарот.

На веб страницата на Банката викендов ќе биде достапен и web сервис за проверка на терминот и филијалата за подигнување на картичката.

Апелираат до клиентите да се придржуваат до зададениот термин со цел ефикасна и безбедна реализација на проектот.

ИНФОРМАЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА ДОМАШНАТА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА „КУПУВАМ ДОМАШНО“ –> [т у к а]

ПОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВИ СЛЕДУВА КАРТИЧКА НА www.kupuvamdomasno.gov.mk

Клучни зборови

  • домашна картичка
  • купувам домашно
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk