Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Издадени 401 дозвола: Градежна експанзија во Полошкиот Регион

10 сеп. 2025 г.·2 мин читање·3283 прегледи

Следете не на Viber

Во јули се издадените за 7,2 насто повеќе градежни дозволи, но затоа годишната промена кај вредноста бележи скок од 345,3 насто. Причината за тоа се 500-те милиони евра предвидени за изградба на ветерниот парк кој ќе се простира во три општини – Штип, Радовиш и Карбинци. Инаку, градежната експанзија, според јулските одобренија, го зафаќа Полошкиот Регион, а станбената изградба е фокусирана на Гостивар.

Во јули се издадени 401 одобрение за градење, а предвидената вредност на објектите изнесува 31.699.433 илјади денари или 515,4 милиони евра.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека доминантна е високоградбата со 228 дозволи, кои претставуваат 56,9 отсто од вкупниот број. За нискоградба се издадени 46 одобренија (11,5 %), а 127 (31,7 %) за реконструкција.

Кога станува збор за инвеститорите, кај 232 објекти (57,9 %) инвеститори се физички лица, додека кај 169 објекти (42,1 %) тоа се деловни субјекти.

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – 134. Со речиси двојно помалку, 70 на број, следува Скопскиот Регион. За Југоисточниот се 50, за Вардарскиот 47, за Источниот 35, за Југозападниот 32, Пелагонискиот 26 и за Североисточниот Регион седум дозволи.

Со одобренијата е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60.676 метри квадратни. Концентрацијата на станбената изградба е во Полошкиот Регион, каде што ќе има 268 нови станови. Од нив, 181 стан ќе имаат адреа со Гостивар. За територијата на Скопје се планирани 125 станови, од кои само 34 ќе се изградат во Центар, кој со години наназад е во епицентарот на градежните планови и зафати.

Според издадените дозволи 98 станови ќе се градат во Југозападниот Регион, 63 во Вардарскиот, 53 во Пелагонискиот, 35 во Источниот, 23 во Југоисточниот и два во Североисточниот.

Клучни зборови

  • градежништво
  • дозволи за градење
  • Државен завод за статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk