Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Издадени 260 градежни дозволи во ноември – Најмногу нови станови ќе добие Гостивар

15 јан. 2025 г.·2 мин читање·2481 прегледи

Следете не на Viber

Во ноември, барем според издадените дозволи, опаднал интересот за почнување со нови градежни активности. Во споредба со октомври издадени се за 18,2 отсто помалку одобренија за градење, 260 на број. Намалена за 63,8 проценти е предвидената вредност на објектита, која изнесува 4.250.392 илјади денари, одосно над 69 милион и евра.

За тоа има објективна причина:

„Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција“, информираат од Државниот завод за статистика.

Според последните статистички податоци, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 или 59,6 проценти се наменети за објекти од високоградба, 59 (22,7 %) за нискоградба и 46 (17,7 %) за објекти за реконструкција.

Дозволите се распоредени – 50 во Скопскиот регион (од кои најмногу, по десет во Карпош и Сопиште); 41 во Полошкиот; 40 во Пелагонискиот; 37 во Источниот; по 27 во Вардарскиот и во Југоисточниот; 24 во Југозападниот и 14 во Североисточниот.

Притоа, во најголем дел инвеститори се физички лица – 146, што претставува 56,1 отсто од објектите за кои се издадени дозволи. На 114 (43,9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Со ноемвриските одобренија се предвидува во државата да бидат изградени 542 станови, со вкупна корисна површина од 49.111 метри квадратни. А, градежниот фокус е поместен кон Полошкиот регион, попрецизно, во Гостивар. Овој град ќе добие 117 нови станови од регионски планираните 140.

Скопскиот регион овојпат заостанува со 129 станови, од кои 70 ќе бидат лоцирани во Центар, а 35 во Карпош

Клучни зборови

  • високоградба
  • Државен завод за статистика
  • нови станови
  • одобренија за градба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk