Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Поткаст

КОРУПЦИЈАТА СО ЛИЦЕНЦИ ГО ЧИНИ НАЈСКАПОТО – ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО! – Ивановска во „Каде се парите?“:

4 апр. 2025 г.·2 мин читање·1927 прегледи

Следете не на Viber

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ предупредува дека системот за издавање лиценци е длабоко корумпиран. Ивановска открива дека институциите со години биле предупредувани за корупцијата и ризиците од лажни лиценци, но немале волја да реагираат, што резултирало со трагедии како Беса Транс и кабарето во Кочани.

Гледајте нѐ и притиснете „subscribe“ на каналот ПАРИ. Премиерите се секој четврток во 12.00 часот. Сите содржини се бесплатни, овозможени од пријателите на поткастот кои веруваат во важноста на јавната дебата и транспарентноста.

„Издавањето на лиценци, дозволи, разни одобренија, решенија, значи сите да ги ставиме во еден куп. Беше еден од високите ризици од корупција додека работевме на Националната стратегија за борба против корупција, бидејќи таа ни се темелеше на два основни проблема, да речеме, злоупотреба на парите, што прашувате „Каде се парите?“. Кај корумпираните се парите, што ги нема.  Злоупотреба на парите, а друго е злоупотреба на службената должност. Токму во овој дел, кај издавањето на овие документи, доаѓа до израз злоупотребата на службената положба на оние коишто ги издават. Ние своевремено сме упатувале дека ова е висок ризик, дека постојат начини како тој да се намали, меѓутоа до сега гледате дека едноставно сме наидувале на надлежни кои што немале слух и не сакале, немале желба или не знам како да се изразам, важно, не пристапиле кон сериозно решавање на овој проблем.“

Клучни зборови

  • Беса Транс
  • Билјана Ивановска
  • Државната комисија за спречување на корупцијата
  • каде се парите
  • корупција
  • КОЧАНИ
  • лажни лиценци
  • лиценци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk