Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ивана Стојаноска, ФМТКП: За да ја оствариме визијата за иднина без чад, мора да се менуваме како бизнис и како индивидуи

20 сеп. 2025 г.·3 мин читање·886 прегледи

Следете не на Viber

Најуспешните компании денес својот успех, меѓу другото, го градат и одржуваат преку специфична корпоративна култура прилагодлива на промени. Ваквата култура поттикнува подобри перформанси, иновации и благосостојба на луѓето, кои всушност се движечката сила што стои зад успехот на компанијата. Ова го истакна Ивана Стојаноска, сениор менаџер за комерцијално работење во компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), зборувајќи за личното искуство од работењето во оваа компанија, во рамки на конференцијата Бизнис лидер 2025 што се одржа во Скопје.

Стојаноска беше еден од учесниците на панел дискусијата „Градење на организациска култура прилагодлива на промени“, каде што истакнати имиња од успешни компании ги споделија своите мислења за важноста на силната и флексибилна организациска култура. Во овој контекст, Стојаноска истакна дека Филип Морис Интернејшнл има специјално дизајнирана корпоративна култура (PMI DNK) за да одговори на постојаните промени. Станува збор за една од светски признаените најдобри корпоративни практики која максимално се фокусира да им овозможи најдобри услови на своите вработени и да ги поттикне да го искористат својот потенцијал за да креираат позитивни промени не само внатре во компанијата, туку во целото општество.

Зборувајќи за оваа визија, Стојаноска се осврна на промените низ кои глобално поминува компанијата Филип Морис Интернејшнл, која е основана уште пред 170 години како тобако-продавница во Лондон.

– До пред десетина години, нашиот основен и единствен бизнис беше комерцијализацијата на цигарите. Но, почнувајќи од 2014 година, нашата визија е иднина без чад, при што отворено и храбро изјавуваме дека цигарите припаѓаат во музеј. За да ја оствариме нашата визија, ние мора да се менуваме, како бизнис и како индивидуи. Да го менуваме нашето размислување, процесите, целиот наратив, да растеме надвор од тутунот и никотинот, да создаваме работно искуство што е фокусирано на вработените и сконцентрирано на потрошувачите и нивните потреби, кои исто така постојано еволуираат. И токму оваа состојба на континуирана промена е моето искуство како дел од Филип Морис – рече Стојаноска на панел-дискусијата.

Според неа, водењето на компанијата низ процесот на трансформација е предизвик. Таа трансформација подразбира и промена на културата во компанијата, која бара промени во однесувањето, практиките и основните ставови и верувања, нешта кои потешко се менуваат кај луѓето. Затоа е неопходен сеопфатен и континуиран процес на планирање кој ќе биде воден од цврсти лидери што знаат да се адаптираат.

– Ние во Филип Морис постојано се стремиме да постигнеме повеќе, да бидеме најдобра верзија од себе иако, понекогаш, не успеваме. Но, подготвени сме да го признаеме тоа, да го промениме и прилагодиме тоа што можеме и да продолжиме понатаму – рече Стојаноска.

Конференцијата „Бизнис лидер“ ги обедини највлијателните и најуспешните лидери и претприемачи од различните индустрии во земјава. Целта на конференцијата е да создаде уникатна платформа за размена на идеи и иновации, да понуди можност за споделување на најновите деловни трендови и успешни примери од пракса и да дефинира стратешки насоки кои ќе го поттикнат растот и развојот на македонскиот бизнис сектор.

Клучни зборови

  • Бизнис лидер 2025
  • Ивана Стојаноска
  • иднина без чад
  • ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk