Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Иван Штериев од Конференцијата во Охрид: Развојот на пазарот на капитал мора да е стратешка економска определба

26 сеп. 2025 г.·5 мин читање·1926 прегледи

Следете не на Viber

Берзанскиот промет, од трите годинешни квартали, е речиси како ланскиот, околу сто милиони евра. Ценовните движења продолжија со бавен пораст, МБИ10 е зголемен за 2,5 проценти и расте во континуитет. Во споредба со 2019 година, зголемен е за 125 насто. Тоа покажува дека иако живееме во време на геополитички турбуленции и макроекономски предизвици, берзите и инвеститорите се резистентни и тоа не се одразува негативно врз нивното работење, изјави главниот и извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, на отворањето на 24. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

За визијата како треба да се развива Македонска берза и кои се главните предизвици, Штериев говореше на бината, во интервјуто со новинарот Горан Теменугов, автор на поткастот „Каде се парите?“. Тој посочи дека иницирањето нови јавни понуди и издавањето нови хартии од вредност е главен развоен предизвик, не само за националната, туку и за останатите берзи во регионот.

„Визијата на берзата е координација на реална желба и начелни планови како да се стигне до целта. Статистички гледано, периодот зад нас е солиден, но далеку од златните времиња. Има раст на прометот и цените, но остануваат лимитирачките фактори – пред сè што пазарот се темели на домашни физички лица, кои сочинуваат две третини од инвеститорите. Тоа е позитивно бидејќи тие ја препознаваат берзата како алтернативна можност за вложување, но потребни се и странски портфолио инвеститори, кои сè уште се под пет проценти“, рече Штериев.

Тој нагласи дека побарувачката постои, но проблемот е во понудата: „Мора да ја зголемиме понудата – со нови јавни понуди или со нови финансиски инструменти. Побарувачката треба да ја омасовиме, со повеќе домашни инвеститори, но и со вклучување на странски. Тука посредниците – банките и брокерските куќи – мора да преземат поактивна улога. Кај нас, поради сплет на околности, не се направи голема приватна брокерска куќа, па да прави анализи и препораки за инвестирање, да се бави со инвестициско советување… Не исклучувам, со модернизацијата на процесите, може да се појават remotes членки на Македонска берза, брокерска куќа или банка од странство. Можеби тие ќе влијаат на нашите играчи во делот на посредувањето, да бидат со поамбициозни планови“.

Во насока на напредокот треба да се вклучи и државата со обезбдддување услови – регулативни и нормативни. Потребна е и јавноста, а според Штериев, медиумите денес помалку ги следат берзанските случувања отколку пред неколку години, кога имало помала содржина. Сепак, вели, има простор за позитивни промени.

Говореше и за причините зошто првата јавна понуди, првиот ИПО, не успеа, при што нагаси: „Компаниите треба да сфатат дека на пазар на капитал се излегува кога условите се зрели, не кога е тешко. Не треба да се симплифицира, ниту да се обесхрабрува. Финансиската едукација е клучна, а државата може да помогне со даночни олеснувања или стимули, иако тие не се суштински. Потребно е постепено градење на корпоративна култура и доверба“. Исто така, на компаниите им порача – не е исто да имате должнички капитал и цело време се кредитирате и да имате сопствен капитал, коментирајќи дека во Македонија е вообичаено кога компаниите имаат проблем, да и се обраќаат на државата за помош. „Треба да научат да бидат самостојни“, рече Штериев.   

Тој посочи дека примерот со граѓанските обврзници може да биде основа за развој на нови инвестициски навики. Го даде примерот на Хрватска, каде што годинава имало четири успешни ИПО. Успешноста, во добар дел, се должи на претходните емисии на граѓански обврзници, преку кои населението било едуцирано. Кај нас тоа може да се искористи како почетен механизам за популаризација и на пазарот на капитал и на хартии од вредност, нагласи Штериев

Воедно, истакна дека Македонската берза е подготвена да преземе уште поголема улога, да биде паралелен или единствен агент за издавање на државните обврзници. Исто така, наведе и дека има простор за нови корпоративни обврзници, а во нивната промоција и доближување до граѓаните можат да помогнат и банките.

„Клучното е пазарот на капитал да се препознае како стратешка определба за целата економија, а не само за оние што работат во индустријата на капитал. Има студии кои докажуваат дека тоа носи раст на БДП, повеќе вработувања…“, изјави Штериев, нагласувајќи дека како општество мора да најдеме начин тоа да го овозможиме. Што се однесува до Македонска берза, нагласи, „се раководиме по познатиот слоган – сакаме да бидеме реални и да го бараме невозможното“.

Клучни зборови

  • 24 годишна конференција
  • Иван Штериев
  • Македонска берза
  • Пазар на капитал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk