Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

14 окт. 2024 г.·2 мин читање·2053 прегледи

Следете не на Viber

Со добиеното решение за вршење на осигурително-брокерски работи издадено од Агенцијата за супервизија и осигурување, официјално започна со работа Iute Safe.

Како дел од од мултинационалната естонска групација Iute Group AS – една од најбрзо-растечките компании во Европа, под чијашто капа работи и Iute Macedonia, Iute Safe отсега па натаму ќе биде посредник за осигурителни полиси во сите класи на осигурување, вклучувајќи не-животно и животно осигурување.

“Iute Safe е продолжение на една убава приказна која започна со Iute пред 8 години и групацијата од Естонија која постои повеќе од 16 години, чиешто искуство, докажана експертиза и уникатни предности ќе ни овозможат да бидеме секогаш чекор напред во делот на користење на иновативни процеси и врвна технологија и секако, дополнителни бенефиции за нашите клиенти и овозможување на пристап до секаков вид на полиси за осигурување, со можност за отплата на рати ”- вели Борјан Колемишевски, Генерален Директор на Iute Safe.

Целта на Iute Safe ќе биде да обезбеди најдобри понуди за осигурување на пазарот, преку стратешки партнерства со реномирани и докажани осигурителни компании, развиена продажна мрежа, персонализиран пристап и конкурентни цени. Како дел од групацијата, со веќе докажан кредибилитет, Iute Safe ќе понуди на пазарот еден нов свеж модел и пристап кон клиентите, потпирајќи се на интернационална докажана експертиза и локален искусен тим од докажани професионалци во областа.

Како уникатно обележје, компанијата ќе ја има можноста да бенефицира од сите досега веќе имплементирани алатки, апликации и напредни дигитални решенија, во функција на целосна дигитализација на процесот, од апликација до потпишување.

По повод официјалното влегување на пазарот, Iute Safe промовираше специјална понуда за патничко осигурување со валидност од 1 година, покритие до 90 дена во годината, и тоа по цена за 30 дена,  без франшиза и овозможена 24/7 асистенција за помош. Повеќе информации се достапни тука.

Клучни зборови

  • Iute Macedonia
  • Iute Safe
  • Борјан Колемишевски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk