Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ФинансииФинтек

Iute Pay доби лиценца за издавање електронски пари и давање платежни услуги

9 јул. 2025 г.·2 мин читање·1986 прегледи

Следете не на Viber

Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте, официјално доби лиценца од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги.

Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на финансиски услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, од неодамна е присутна и на осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.

Отсега корисниците ќе имаат можност да отвараат платежни сметки, да надополнуваат средства на својот дигитален паричник, да пристапуваат до своите средства преку бескартични банкомати, да вршат безготовински трансфер на пари во реално време, како и брзи плаќања кон трговци со користење на QR код.

”Лиценцирањето на институција за електронски пари е значаен чекор кој не претставува само регулаторно одобрување, туку почеток на револуција во начинот на кој се нудат и користат финансиските услуги во С.Македонија. Нашата мисија е јасна: да понудиме брзи, беспрекорни и кориснички ориентирани решенија, со највисоки стандарди на сигурност и иновација.

Горди сме што зад оваа иницијатива стои Иуте Групацијата – меѓународен лидер во финтек индустријата, со естонска технологија која веќе го трансформира начинот на плаќања во повеќе земји во и надвор од ЕУ. Сега, таа технологија ќе биде достапна и во Македонија.

Ова е само почеток. Продолжуваме со уште поголема посветеност кон дигитална трансформација, финансиска инклузија и создавање вредност за сите корисници“, изјави Александар Петковски – Извршен Директор на Iute Pay Македонија.

Со оваа лиценца се овозможува издавање електронски пари и давање платежни услуги, без посредство на традиционални банки. За разлика од класичните финансиски институции, институциите за електронски пари се фокусираат на последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи.

Клучни зборови

  • Iute Pay
  • Иуте Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk