Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ФинансииФинтек

ИутеКредит Македонија воведе електронска идентификација за своите онлајн производи и услуги

27 фев. 2023 г.·2 мин читање·3696 прегледи

Следете не на Viber

Започнувајќи од 17 февруари, Иуте Кредит Македонија воведе електронска идентификација за своите клиенти, со што уште еднаш покажа дека е лидер во имплементирање на напредни дигитални решенија во светот на финансиските услуги.

Водејќи се од визијата за обезбедување на најдобро корисничко искуство за своите клиенти и за приближување на најсовремените дигитални алатки, од сега клиентите можат ефикасно и безбедно онлајн да ги користат производите и услугите на Иуте Кредит Македонија.  Воведената електронска идентификација е во соработка со компанијата GetID од Естонија, која е докажан партнер на бројни институции во процесот на електронската идентификација.

За да можат клиентите да ги уживаат придобивките од овој начин на идентификација мора да имаат: телефон, односно мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација, телефонски број, издаден од оператор со дозвола за работа исклучиво во Македонија, валиден документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош и сопствена емаил адреса.

За нас во Иуте Кредит Македонија предизвик е секој новитет што го воведуваме, а секој новитет внимателно се дизајнира, земајќи ги предвид сите аспекти, и бизнис и регулаторни и технолошки и финансиски. Сметаме дека тоа е единствениот начин за воведување на нов производ или услуга кој може да овозможи успешна имплементација и функционирање. А на овој начин функционираме заради воспоставената организациска структура, која во ништо не се разликува од онаа на големите финансиски институции.

Електронската идентификација со сигурност ја зголемува безбедноста за клиентите, но сакам да укажам дека заштитата на личните податоци е круг во кој сме вклучени сите. Ние секогаш ги едуцираме нашите клиенти за мерки кои лично треба да ги преземаат за заштита на нивните податоци, како на пример, да не споделуваат лични податоци на социјални мрежи, посебно не на лица кои воопшто не ги познаваат или на компании за кои не знаат дали физички постојат.

Електронската идентификација која ја воведуваме е дел од кругот во кој заштитата на лични податоци е обврска на секој од нас поединечно и императив за сите нас заедно.

 

Клучни зборови

  • електронска идентификациј
  • ИутеКредит Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk