Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Иуте донира 12 000 евра за фамилиите засегнати од земјотресот во Турција

15 мар. 2023 г.·2 мин читање·2566 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот. Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот. Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани.

Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините.

Според информациите, ситуацијата во Турција се уште е далеку од добра, има илјадници луѓе кои се уште живеат во шатори, и страдаат од студ, дожд и недостаток на услови за хигиена.

“Би сакала да се заблагодарам на сите вработени кои учествуваа во донацијата бидејќи на овој начин помагаме на многу луѓе на начин кој не можеме ни да го замислиме во моментов. Овие луѓе претрпеле огромни загуби и во најжестока смисла ја почувстувале суровоста на животот. Со оваа донација барем малку успеваме ги допреме нивните животи”, изјави Ѓоксу.

Клучни зборови

  • донира
  • Иуте
  • Турција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk