Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Италија заплени 800 милиони евра од Airbnb поради даночно затајување

7 ное. 2023 г.·2 мин читање·3788 прегледи

Следете не на Viber

На Airbnb му беше кажано да предаде речиси 800 милиони евра на италијанските даночни власти за наводно даночно затајување. Извештаите велат дека судијата во Милано одобрил заплена на 779,5 милиони евра откако Airbnb не им плати на италијанските даночни власти 21% од приходот од изнајмување на имоти, како што побарале.

Италија и Airbnb водат правна битка по одлуката на судот на ЕУ во 2017 година. Обидите на компанијата да ја поништи пресудата беа отфрлени претходно оваа година.

Италијанските власти побараа компанијата да обезбеди детали за сите нејзини договори за изнајмување помеѓу 2017 и 2021 година, тврдејќи дека данокот не бил наплатен на околу 3,7 милијарди евра приход од изнајмување.

Airbnb изјави за Би-Би-Си дека е „изненаден и разочаран од акцијата објавена од италијанскиот јавен обвинител“. Кристофер Нутли, портпарол на фирмата рече: „Уверени сме дека постапивме во целосна согласност со законот и имаме намера да ги оствариме нашите права во однос на ова прашање“.

Под истрага се и тројца управители на от, се вели во соопштението на италијанските обвинители.

Италија го спречува недоволното плаќање даноци од страна на мултинационалните компании како што е Airbnb, а според локални извори, Мета и Нетфликс исто така се под истрага.

Клучни зборови

  • airbnb
  • Italy
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk