Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Италија ja продава последната рафинерија на Лукоил на својата територија

13 апр. 2023 г.·2 мин читање·916 прегледи

Следете не на Viber

Италијанската влада даде условно одобрение за продажба на рафинеријата во сопственост на руски Лукоил на приватна компанија со седиште во Кипар, објави Ројтерс, цитирајќи неименувани извори. Условите кои италијанската влада ги постави за купувачот Г.О.И. Енерџи вклучува гаранции дека нема да бидат укинати работните места и обврска да се обезбеди сурова нафта за рафинеријата од други производители освен Русија.

За зелено светло на договорот, владата го искористи својот прерогатив на „златна моќ“ што и дозволува да ги прегледува и одобрува зделките што се сметаат за од стратешко значење во индустриите, вклучително и енергијата, банкарството и здравството.

Рафинеријата ИСАБ, лоцирана во јужна Италија, има капацитет од 320.000 барели дневно, што претставува дури 20 отсто од вкупниот капацитет за рафинирање на Италија. Нејзиното континуирано работење сепак беше под закана минатата година, кога Европската унија воведе ембарго на увозот на руска сурова нафта.

Како одговор, како привремена мерка, италијанската влада ја стави рафинеријата под старателство, а продажбата се смета за најдобар начин на дејствување во иднина. Во случај рафинеријата да не може да се продаде, владата размислуваше да ја национализира.

Во тоа време, имаше извештаи дека Crossbridge Energy Partners, приватна акционерска групација со седиште во САД, преговара за купување на рафинеријата од Лукоил и дека со договор би можело рафинеријата да се проценува на над 1 милијарда долари.
Во јануари, сепак, се појави дека Лукоил размислува за продажба на кипарската компанија со приватен капитал, која е финансиски поддржана од стоковната компанија Трафигура.

Кипарската G.O.I Energy ја води извршниот директор на израелската Грин Оил, Мајкл Бобров, според Ројтерс, додека Грин Оил има голем удел во Групацијата Базан, најголемата израелска рафинерија. Договорот ќе ѝ овозможи на Трафигура да се занимава со испораките на нафта за италијанската рафинерија, доколку италијанската влада се согласи на продажбата.

Клучни зборови

  • ембарго
  • Италија
  • Кипар
  • лукоил
  • русија
  • Трафигура
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk