Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаЛичен Развој

ИТ СЕКТОРОТ ГИ КРЕВА ПРОЦЕСИТЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА: Работат, се забавуваат, заработуваат

24 окт. 2023 г.·2 мин читање·15004 прегледи

Следете не на Viber

„ПАРИ“ АНАЛИЗА: Кои се петте компании чии вкупни приходи се поголеми од 38 милиони евра, а збирот од нивните добивки е 9,8 милиони евра. Ефекти постигнати само од пет, а ги има речиси две илјади активни компании во овој сектор! Како се материјализираат неограничените можности што ги дава светот кој се базира на факти, знаење и транспарентност. Расте брзо. Не познава граници. Креира работни места. Увезува. Многу повеќе извезува. Информатичката и комуникациска технологија е сектор кој ги крева просеците во македонската економија. Ги шири видиците. Создава услуги со голема додадена вредност. И, врвни продукти кои одговараат на стандардите што ги диктира глобалниот пазар. За успешниот продор во странство, доволно е да се каже – светско, а наше. Во Македонија има околу две илјади ИТ компании, кои вработуваат речиси 20 илјади лица, а потрагата по нови е постојано актуелна. Условите за работа и платите се далеку над вообичаените. Тука е и погодноста што може да се работи од дома, или од било која точка на земјината топка. Remote working концептот се покажа мошне ефикасен. Извозот на ИКТ – информатички, компјутерски и телекомуникациски услуги, минатата година го премина прагот од 467 милиони евра. Статистиката бележи раст од 41 процент. Или, 137 милиони евра повеќе од 2021, кога со задоволство се посочуваше износот од 330 милиони евра. Секогаш може повеќе. За информатичарите, нема лимити. Фактите се потврда за тоа. Последниве пет подини извозот на ИКТ услуги незапирливо се зголемува. Во 2018 се работело за речиси 184 милиони евра. Па, нема друг сектор во кој извозната активност нараснала за 155 проценти. Наспроти тоа, кај увозот на услугите што ги дава оваа дејност растот е 47 насто. Исто така, за пет години. И, кога ќе се стават една до друга двете бр…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • Furious Avocado
  • ntertec.IO
  • анализа
  • Интертек.ИО
  • ИТ сектор
  • Маја Анастасова
  • македонски компани
  • Некстсенс
  • Пантелеон ГС
  • Фуриоус Авокадо
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk