Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИСТОРИСКИ ПАД НА НЕВРАБОТЕНОСТА: Иселувањето на младите го намали бројот на невработените лица

4 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1594 прегледи

Следете не на Viber

Ново намалување на невработените лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување е регистрирано за месец јули. Според најновите податоци невработени се 98.976 граѓани, додека 46.291  лица исто така бараат работа. Бројот на невработени граѓани е во континуиран пад неколку месеци по ред. Но, иако бројот на лица кои се навработени и кои се во потрага по работа се намалува, сепак, загрижува фактот што одредени лица со години се водат како невработени и тешко успеаваат да најдат работа, но и податокот дека најголем дел од невработените се без образование или со ниско образование.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени биле регистрирани во февруари, кога имало над 106 илјади невработени граѓани. Во март бројот паднал на околу 105 илјади, додека во април невработени биле 103.767 граѓани. Веќе во мај бројот на невработени драстично се намалил и изнесувал 102 илјади, а пак во јуни на 101.510 невработени.

Бројките откриваат дека од вкупно 98.976 граѓани невработени дури 51.560се жени. Притоа најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно образование и тоа дури 60.307 од пријавените невработени лица. Притоа од овие 60 илјади невработи, 32.737 се жени.

Следна голема група се невработените со завршено средно образование. Тука како невработени се пријавиле 23.221 лица, а од нив 11.457 се жени. Со високо образование се 6.127 невработени лица, од кои дури 4.048 се жени. Зачудува податокот дека како невработени имаме и доктори на науки и магистри.

Па така на листа невработени лица се 546 магистри и доктори на науки.

И покрај тоа што статистички се намалува невработеноста, приватниот сектор повеќе од кога било се соочува со недостиг од квалификувани кадри. Но, прашањето е колку реално е намалувањето на невработеноста? Едно од клучните прашања на оваа проблематика е дали овој тренд на намалување ќе продолжи и колку е одржлив. Сепак, проблематично е да се процени колкава е реалната стапка на невработеност, особено ако се земат предвид структурата, образованието и вештините на невработените лица.

Економски експерти истакнуваат дека намалувањето на невработеноста не е поради економското подобрување и порастот на БДП, туку дека станува збор за техничко-статистичка операција, која најверојатно подразбира бришење на невработените од системот на податоци, како и иселување од државава.

Клучни зборови

  • Агенција за вработување
  • намалување на невработените
  • невработени лица
  • Невработеност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk