Една нишка од приказната за создавањето на Bank Of America започнува во далечната 1904 година кога е основана Bank Of Italy од страна на Amadeo Pietro Giannini(A.P. Giannini). Со неговото име се поврзани четирите клучни тези кои довеле до креирањето на тоа што денес го знаеме како Bank Of America:
Првата теза е поврзана со животот на A.P. Giannini – Потеклото на неговите родители е од Џенова, кои се преселиле во САД за време на “златната треска”. P. Gianini своето детство го поминал на фармата на неговиот татко, додека неговите први менаџерски потфати ги стекнал работејќи во компанијата на неговиот очув. Неговиот италијански шарм го довел до ќерката на најбогатиот магнат со недвижнини во Сан Франциско, Joseph Cuneo, кој исто така бил дел од бордот на директори на North Beach Bank,Columbus Savings and Loans. Подоцна таа ќе стане негова жена, а после смртта на нејзиниот татко, A.P. G…