Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

КОЈ СЕ ДОБИ ПАРИ: Исплатени 3,7 милиони евра субвенции за неколку мерки

17 сеп. 2021 г.·2 мин читање·4594 прегледи

Следете не на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти, исплати 230.1 милион денари за субвенции.

Како што соопштија од Агенцијата по три денари по килограм,  добиваат градинарите кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. За оваа мерка денеска  на 3.310 градинари им се исплатени  168,9 милиони денари.

Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка. Тие добиваат по  3 денари по килограм, односно, вкупно 708 лица добија финансиска поддршка од 30,4 милиони денари, кои имаа произведено пролетна зелка од почеток на април до почеток на мај лани и истаата ја имаа предадено кај  регистрирани откупувачи.

Пари добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка се исплатени  16,7 милиони денари на  172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.

На сметките на 656 мали земјоделски стопанства утре ќе бидат исплатени над 14 милиони денари.

Од Агенцијата велат дека сите земјоделци кои законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството и не се должници за вода, пашарина или закуп  на земјоделско земјиште ќе си ги добијат срествата за мерките за кои имаат аплицирано.

Клучни зборови

  • Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
  • градинари
  • субвенции
  • финансиска поддршка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk