Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди

3 окт. 2025 г.·3 мин читање·978 прегледи

Следете не на Viber

На покана на Фондацијата IFRS Лондон, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат ја претставуваше Северна Македонија на глобалната конференција „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference), организирана од страна на оваа реномирана глобална фондација. Конференцијата, која важи за најпрестижен светски настан посветен на меѓународните сметководствени стандарди, обедини повеќе од 130 делегати од 70 држави од Европа, Азија, Африка, САД и Австралија.

Учеството на делегацијата на ИСОС беше поздравено како посебно достигнување, со оглед на тоа што по 13 години, ги преведе меѓународните сметководствени стандарди (МСФИ) и тие можат да се имплементираат, што претставува чекор кој значително ја позиционира сметководствената професија во меѓународни рамки и ја зајакнува транспарентноста и довербата во финансиското известување во нашата земја.

Конференцијата беше фокусирана на имплементација на стандардите и размена на искуства, како и на најновите глобални трендови и промени во МСФИ.

„Присуството на оваа конференција не е само чест, туку и потврда дека ИСОС и државата направија важен чекор кон приклучување кон глобалната заедница на сметководствени професионалци. Учеството на иста маса со највлијателните креатори на стандарди е признание за нашата работа, но и обврска да продолжиме да го унапредуваме квалитетот и транспарентноста на финансиското известување. Веруваме дека ова е темел врз кој ќе градиме посилна професија и поконкурентна економија“, истакна Весна Прентоска, претседателка на ИСОС.

Претставниците на ИСОС остварија средба и со менаџментот на Фондацијата IFRS на која се дискутираа можности за понатамошна соработка во делот на едукација и следење на новините.

Со преводот на новите МСФИ, компаниите во земјава повеќе немаат обврска за двојно известување, што резултира со пониски трошоци и ефикасно управување. Улогата на МСФИ стандардите беше нагласена како мисија од јавен интерес и предуслов за долгорочна финансиска одржливост, бидејќи носат поголема јасност и споредливост во извештаите и овозможуваат предвидливост во деловното планирање.

ИСОС ќе ја продолжи соработката со Фондацијата во насока на едукација и поддршка за сметководителите, во согласност со најновите меѓународни трендови.

Инаку, Фондацијата IFRS Лондон е независна, непрофитна организација која ги поставува меѓународните сметководствени стандарди на глобално ниво. Основана е во 1973 година од Австралија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Мексико, Холандија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Весна Прентоска
  • ИСОС
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk