Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИСОС го зајакнува капацитетот и поддршката на сите сметководители да ги исполнат законските и професионалните норми

1 дек. 2023 г.·3 мин читање·1157 прегледи

Следете не на Viber

Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја заокружи серијата средби со членовите на своите подружници низ земјата. Во изминатиот период беа организирани состаноци со подружниците на ИСОС во Тетово, Велес, Струмица, Штип, Прилеп, Битола, Куманово и Скопје, со цел, преку директна комуникација со членовите на Институтот, да се потврдат неопходните чекори за натамошно јакнење и етаблирање на сметководствената професија во земјата.

Овие средби беа и во функција на подготовка за претстојното Собрание на ИСОС на кое меѓу останатото, избраните делегати од подружниците треба да ја усвојат Програмата за работа на Институт за 2024 година и да ги изберат членовите на стручните комисии и тела, со што ќе се засили капацитетот на ИСОС и неговата способност да ги исполни своите законски утврдени задачи и овластувања.

„Дискусиите што ги имавме во подружниците покажаа дека најголем број од сметководителите ја разбираат и прифаќаат неопходноста за промени кои ќе донесат поголем квалитет и дополнителна вредност за сите кои се занимаат со оваа професија во нашата земја.  Се поретки се мислењата дека со имплементацијата на постојната законска регулатива и воведувањето на меѓународните стандарди ќе се загрози егзистенцијата на поединци. Ние како организација која ги штити интересите на над 8000 професионални сметководители во земјава сме тука да им помогнеме на сите што се занимаат со оваа професија да ги исполнат сите неопходни услови за да добијат лиценци. Брзиот воз на прогресот е тргнат од станицата, прашањето е дали ќе се качиме на него или ќе останеме на перонот, залудно надевајќи се дека тоа не е последниот воз кој води кон подобра иднина на нашата професија“, изјави претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Раководството на ИСОС е истрајно во намерата да продолжи со интензивната комуникација со сите членови на Институтот кои навистина се подготвени да ги прифатат и доследно да ги почитуваат етичките принципи за интегритет, објективност, компетентност, доверливост и професионално однесување, а истовремено и да им помогне на сите свои членови да го усогласат  своето работење согласно важечките законски прописи и меѓународните стандарди за финансиско известување.

Клучни зборови

  • ИСОС
  • сметководители
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk