Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИСАФ 2025: Трансформацијата на тутунската индустрија треба да ја водат науката, иновациите и одговорната регулација

10 окт. 2025 г.·4 мин читање·1480 прегледи

Следете не на Viber

Тутунската индустрија во земјава драстично се трансформира во изминатите неколку години – од производство на класични цигари кон модел кој им дава приоритет на иновациите базирани врз научни сознанија и потребите на потрошувачите. Иновативниот пристап во оваа индустрија има голем потенцијал за развој, но тој мора да се обликува преку наука, партнерски иницијативи и одговорна регулација, истакнаа учесниците на панел-дискусијата посветена на тутунот и тутунската индустрија „Надвор од листот: Иновација, истражување и регулатива“ што се одржа во рамки на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна (ISAF 2025) во Охрид.

Еволуцијата на една од најзначајните земјоделски гранки во Македонија ја движат стратешки партнерства, како што е заедничкото вложување меѓу компанијата „Филип Морис Интернејшнл“ (ФМИ) и Тутунскиот комбинат Прилеп (ТКП) кое трае веќе десет години. Претставниците на овие компании, кои беа дел од панелот, истакнаа дека од потпишувањето на заедничкиот договор во 2014 година, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) го прошири извозот на 12 пазари, вклучувајќи ги и земјите во ЕУ, постигна енергетска самоодржливост и достигна рекордни количини во производството. Тутунот останува централен ресурс во трансформацијата на ФМИ која развива алтернативи без чад наменети за возрасните пушачи кои избираат да не се откажат од никотинот. Притоа, стратегијата на ФМИ се фокусира на развој и одговорно промовирање на производи без чад како помалку штетна алтернатива на цигарите, со долгорочна цел – да создаде иднина без чад.

– Трансформацијата на индустријата се сведува на нешто прилично едноставно: промената на производот може длабоко да ги смени животите на една милијарда луѓе на планетата. Компанијата за која работам денес е многу различна од компанијата на која ѝ се приклучив пред 21 година. Пред десет години, бевме 100 отсто бизнис за тутун што согорува. Денес околу 40 отсто од нашиот бизнис се тутунски производи без чад. Нашата амбиција е до 2030 година, две третини од нето-приходите да доаѓаат од производи без чад – рече Ондреј Кумал, директор за надворешни прашања во Филип Морис Интернејшнл (ФМИ).

Тој истакна дека еден ден цигарите можеби ќе заминат во музеј, но тоа не значи дека луѓето ќе престанат да користат тутун или никотин. Она што компанијата се надева дека ќе се промени се резултатите во јавното здравје поради користењето на алтернативните производи.

– Знаеме дека со елиминирање на согорувањето можеме да го намалиме нивото на штетни материи, а со тоа намалување можеме да ја намалиме изложеноста на токсични материи за корисниците. Затоа се очекува помалата изложеност на штетни материи да доведе до намалување на одредени болести со текот на времето – истакна Кумал.

Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна, во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, на едно место собра експерти од различни области кои презентираа нови, фундаментални достигнувања во областа на одржливото земјоделство и производството на храна.

ПР Објава

Клучни зборови

  • тутунска индустрија
  • Филип Морис Интернејшнл
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk