Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИРАН ВОЕНО ЌЕ ОДГОВОРИ АКО САД СПРОВЕДАТ МИСИЈА ЗА ОДГЛАВУВАЊЕ НА БРОДОВИТЕ: Проектот „Слобода“ на Трамп заглави во Ормускиот теснец

4 мај 2026 г.·3 мин читање·1291 прегледи

Следете не на Viber

Иранската војска вели дека ќе ги нападне американските сили доколку се обидат да се приближат или да влезат во Ормускиот теснец. Предупредувањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави поморска мисија, наречена Проект Слобода, за водење на заглавените бродови надвор од Ормускиот теснец, а операциите треба да започнат во наредните часови. Иран изјави дека операцијата би претставувала кршење на прекинот на огнот.

Американскиот претседател Доналд Трамп го најави Проектот Слобода, поморска мисија за придружба на заглавени бродови низ Ормутскиот теснец, која треба да почне денес, и предупреди дека на секое мешање ќе биде одговорено „силно“.

Техеран изјави дека доколку САД спроведат таков потег, тоа ќе биде прекршување на прекинот на огнот.

Во моментов, не е јасно дали САД навистина ќе ги придружуваат комерцијалните бродови со своите поморски сили или тоа е само дел од насоките.

Американската војска соопшти дека мисијата за придружба на бродовите заглавени во Ормутскиот теснец ќе вклучува 15.000 војници и повеќе од 100 авиони од копно и море.

За Иран планот е неприфатлив и дека секој брод што сака да влезе или излезе од Ормускиот теснец мора да се координира со иранските вооружени сили.

Овој меѓународен воден пат, велат тие, ќе остане под иранска контрола сега и по војната. Тие велат дека теснецот бил користен против нас воено и затоа мора да ја преземеме контролата врз него. И, второ, на Иран очајно му се потребни економски приходи.

Дури и пред војната, иранската економија беше под огромен притисок поради децениските санкции. А сега кога нејзината индустриска база е тешко оштетена за време на војната, официјалните лица велат дека економијата мора да биде во функција.

Поранешниот американски морнарички офицер Харлан Улман за Ал Џазира изјави дека ризиците од Проектот „Слобода“ на Трамп се значајни и би можеле да доведат до опасна ескалација ако Иран одлучи да му се спротивстави. „Иран има огромни количини беспилотни летала и мали пловила што би можеле да го отежнат ова многу, многу“, изјави Улман . „Не би сакал да видам конфронтација каде што ќе биде погоден американски воен брод, бидејќи тогаш Американците нема да имаат друга опција освен да возвратат“.

Улман рече дека успехот на крајот бара дипломатија. „Единственото решение за оваа криза е повторно отворање на теснецот, проследено со долги дипломатски преговори со Иран за справување со неговите нуклеарни амбиции. Ако оваа мисија е добро осмислен прв чекор, браво за администрацијата на Трамп. Но, ако е само полуосмислена и води до ескалација, тоа би можело да биде катастрофа“.

Во меѓувреме Иран го разгледува предлогот на САД за прекин на војната откако Вашингтон го отфрли иранскиот мировен предлог со 14 точки. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека официјалните лица го разгледуваат контрапредлогот на САД за прекин на војната.

„Пораката на САД беше примена преку Пакистан и нема да ги дискутирам деталите за покренатите прашања во овој момент бидејќи овие прашања сè уште се разгледуваат“, изјави Багаи пред новинарите.

Тој рече дека практиката на САД да поставува „прекумерни и неразумни барања“ значи дека предлогот „не е лесен за разгледување“.

(Фото: Хормуз, MC2 Indra Beaufort)

Клучни зборови

  • војна
  • Иран
  • Ормуски теснец
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk