,,ПАРИ” АНАЛИЗА: Во третиот квартал од годинава, односно во јули, август и септември, се отвориле 3.166 нови фирми, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Ова е одличен показател за раст на инвестициската активност ако се земе предвид дека во целото прво полугодие од годинава се отворени 3.768 нови фирми, што покажува дека за три месеци се отвориле фирми колку за речиси шест месеци! Дека има значителен раст на инвестирање во нови компании покажува и податокот дека во истиот период лани (третиот квартал од годината), отворени се речиси двојно помалку фирми од сега, односно тогаш биле отворени само 1.664 компании.
Бројките укажуваат на поголемо охрабрување на инвеститорите да отворат фирма. Секако, пресудно за ваквиот тренд е тоа што во 2021 година вложувањата сѐ уште беа под силна неизвесност поради пандемијата. Годинава, и покрај енергетската криза и инфлаторните движења, по инвестицискиот застој, има знач…