Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПриродни ресурси

Инвестиција на „Алказар Енерџи“: 500 милиони долари, 55 ветерници, струја за 100.000 домаќинства

25 јун. 2024 г.·2 мин читање·4079 прегледи

Следете не на Viber

Со инвестицијата на „Алказар Енерџи“ од над 500 милиони долари во ветерен парк со 55 ветерници, во државата ќе се отворат 630 нови работни места. Локацијата е меѓу Карбинци, Штип и Радовиш, а ќе се произведуваат еден терават час електрична енергија, што претставува дваесттина проценти од целокупното производство на струја во земјава. Со тоа ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства. Изградбата на најголемата инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, како што ја оцени премиерот Христијан Мицкоски, би требало да започне во втората половина на идната година.

„Почетокот на мандатот со ваква инвестиција покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните. Со завршување на овoј проект дури стотина илјади македонски семејства ќе може да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека проектот е значаен од многу аспекти. Пред сѐ, ќе зајакне енергетската независност, ќе се зголеми обемот на инвестициите и ќе се отвори патот за нови.

Како што посочи, со реализација на детален план можно е Македонија да стане енергетски независна во делот на елктричната енергија. Вели, Владата има и план и луѓе, само треба да се заврши домашната задача која самите ја поставиле.

„Навистина сум задоволен што ‘Алказар Енерџи’ пред неколку недели успеа да ја затвори финансиската конструкција за изградба на најголемиот парк на ветерници во регионот. Денеска е тука да ја промовира инвестицијата и ние како Влада ќе бидеме тука да помогнеме во нејзината реализација. Од земја увозник, ќе повторам, наша цел е да станеме и земја извозник на електрична енергија“, потенцира премиерот, дополнувајќи дека Владата има големи планови во делот на енергетиката, а оваа инвестиција е „само најава за тоа дека планираме вистински пресврт во овој сегмент“.

Инвеститорот – „Алкараз енерџи“ е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и со тим на советници со седиште во Дубаи, кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој.

Клучни зборови

  • Алказар Енерџи
  • ветерен парк
  • ветерници
  • енергетска независност
  • производство на струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk