Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Интервју со Марин Велковски добитник на престижната награда Business Elite’s 40 under 40

30 окт. 2019 г.·4 мин читање·1308 прегледи

Следете не на Viber
Марин Велковски, менаџер за увоз во компанијата „Ана Ком Дооел” – Скопје е добитник на престижната награда Business Elite’s 40 under 40! 

М-р Марин Велковски е избран помеѓу 40-те најуспешни и најамбициони менаџери во Југоисточна Европа, на церемонија која што беше одржана во Амстердам, на 23-ти Октомври. Гала вечерта организирана од Канадската Top Global Brand Awards беше во Музеј куќата Huis Bartolotti, која потекнува од 17-от век.

Учесниците од 10 земји остварија меѓусебни бизнис корелации, со главен акцент на вмрежувањето и идната соработка во неколку полиња.

Како се одвива целиот процес на номинација за ова престижно признание Business Elite’s 40 under 40?

Самиот процес на селекција започнува со официјална номинација од советодавачкиот борд на Канадскaта Global Top Brand Awards кои е задолжен за организацијата на овие награди.

Според пропишаните критериуми, кои се однесуваат на индивидуалниот придонес во компанијата на добитникот, независно дали е основач или извршен член на менаџментот, номинираниот е задолжен да ги презентирате личните академски и професионални достигнувања, и врз основа на тоа бордот одлучува дали номинираниот е профил доволно успешен и амбизиозен да биде прогласен за еден од 40-те најуспешни и најамбициозни млади лидери од Југоисточна Европа.

Какви се Вашите бизнис плановите за во иднина?

Плановите во иднина пред сé се поврзани со задржувањето на лидерската позиција којашто компанијата „Ана Ком Дооел – Скопје” ја има на македонскиот пазар, инвестирањето во нови знаења и технологии, како и континуираниот развој на човечкиот капитал.

Во план се нови магацински простории преку кои компанијата планира да надмине 10.000 тони увоз на прехранбени производи до крајот на 2020 година, како и освојување на други сегменти од прехранбената индустрија. Одржувањето на одлични бизнис релации со сите компании кои веќе ни ја дале добербата е примарен момент. Секако мојот личен развој, вклучувајќи го академскиот и неформаниот вид на образование претставува моја континуирана определба.

Дали признанието само по себе носи и други бенефити?

Секако. Самиот чин на доделување на наградата е само еден дел од она што со себе го носи признанието Business Elite’s 40 under 40.

Со самата селекција секој награден станува член во Executive Club и секоја следна година е поканет да учествува на многу конференции и ивенти каде што пред се фокусот е на вмрежувањето, креирањето нови лични и бизнис релации како и здружување на компании кои имаат заеднички цели.

Кој е личниот мотив за Вас?

Континуираното надоградување и реализирање на замислените цели би ги ставил на прво место. Амбициозноста да се постигне нешто повеќе. Потребно е голема дисциплина во секоја област од нашиот живот за да реализираме одредена цел, независно дали е од професионален аспект, приватен или пак академски. Се обидувам на секоја работа во текот на денот да се посветам максимално и темелно, ценам дека подобро е успешно да комплетирате 3 задачи во целост, отколку 10-тина половично.

Сигурен сум дека сите работи кои ни се случуваат, нé спремаат за следните предизвици, потребно е само да ги трансформираме проблемите во предизвици и соодветно да реагираме.

Не секогаш сме во право, но грешките се тие од кои учиме и ни укажуваат како следниот пат да размислуваме на дополнителни алтернативи и различни пристапи. Сметам дека развивањето на „софт скилс” и вложувањето во себе се нешто што е круцијално во денешното динамично време.

Спортските активности кои што ги применувам во текот на денот ми даваат дополнителен стимул и елан во извршувањето на дневните работни обврски. Преферирам утринска физичка активност, така денот започнува секогаш перфектно.

Клучни зборови

  • 40 под 40 интернационална награда
  • Марин Велковски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk