Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АналитикаИнтервјуЛичен Развој

ИНТЕРВЈУ I Мартина Блинкова Дончевска и Ники Петрески: Најдовме начин како да ѝ помогнеме на македонската индустрија целосно да се справи со CBAМ

26 мар. 2026 г.·2 мин читање·5737 прегледи

Следете не на Viber

Од 2026 година, Европската Унија започнува со финансиската примена на Carbon Border Adjustment Mechanism (CBAM) – механизам со кој се воведува данок за јаглероден отпечаток за увоз на производи со високи емисии на CO₂. Се очекува оваа регулатива да има значајни последици за македонската индустрија, особено за компаниите коишто извезуваат челик, железо, алуминиум и електрична енергија на европскиот пазар. CBAM повеќе не е прашање на административно известување и поднесување квартални извештаи, како што беше случајот до крајот на 2025 година, туку станува прашање на економска конкурентност, силни договорни односи и извозна стратегија. Разговараме со Мартина Блинкова Дончевска и Ники Петрески од G-Consult ltd., кои велат дека македонските компании можат целосно да се подготват и да избегнат финансиски шокови ако навреме воспостават структуриран CBAM-систем. ПАРИ: Што значи CBAM за македонската индустрија? Мартина Блинкова Дончевска: Еколошката транзиција и декарбонизацијата се централни за европскиот Зелен договор, со цел да се постигне климатска неутралност преку намалување на јаглеродниот отпечаток, зголемување на употребата на обновлива енергија и поттикнување одржлив развој. Во тој контекст, ЕУ го воведе инструментот CBAM, кој има цел да го спречи „јаглеродното протекување“ – појава кога компании ги префрлаат своите производни капацитети во земји со помалку строги еколошки стандарди за да избегнат трошоци поврзани со емисиите на јаглерод диоксид (CO₂). Од економска и еколошка гледна точка, CBAM има амбициозна и позитивна цел: да создаде фер пазарни услови, така што производите коишто влегуваат на пазарот во ЕУ ќе имаат ист јаглероден отпечаток како и произведените внатре во Унијата. Од друга страна, тоа ќе ги поттикне земјите надвор од ЕУ да воведат строги климатски правила за намалување на емисиите. Големите индустриски компании во Европската Унија со години плаќаат за емисиите што ги создаваат преку системот EU ETS – пазарно базиран механизам за тргување со дозволи за емисии, каде што се формира реална пазарна цена на CO₂. Тоа значи дека европските производители имаат дополнителен трошок кога произведуваат челик, алуминиум или цемент. ЕУ порачува: „Ако сакате да извезувате во Европа, мора да покажете колку CO₂ е вграден во вашиот производ и увозот ќе има еквивалентна јаглеродна цена.“ За Македонија ова е особено важно, бидејќи нашата индустрија е силно поврзана со европскиот пазар. Голем дел…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • CBAМ
  • интервју
  • Мартина Блинкова Дончевска
  • Ники Петрески
  • финансиската примена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk