Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ИнтервјуЛичен Развој

ИНТЕРВЈУ I КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Вештачката интелигенција ја зголемува потребата за човечкиот капитал  

22 сеп. 2025 г.·4 мин читање·5017 прегледи

Следете не на Viber

Технологијата и дигиталната трансформација станаа извонредно важни за развојот на компаниите и на економиите. Вештачката интелигенција не претставува опасност, а врската меѓу ова големо достигнување и човекот сѐ повеќе ќе се продлабочува. Колку поагресивно одиме со примената во нашето секојдневно работење, сѐ повеќе ќе ни треба човечкиот капитал како катализатор и насочувач на тоа – во која насока ни е потребна вештачката интелигенција, вели главната извршна директорка на EOS Maтриx Македонија и EOS Косово, Катерина Бошевска.

Таа учествуваше на неодамнешната конференција „Бизнис Лидер“ и во интервјуто за Пари нагласи – Клучната улога во трансформацијата на претпријатијата ја има лидерот, кој мора да е отворен за промени и мора да биде пример во делувањето.

Пари: Која е улогата на бизнис лидерот во времето на дигиталните и технолошки промени?

Бошевска: Мора да истакнам дека времето коешто го живееме е исполнето со технологија и со дигитална трансформација. И, несомнено е дека лидерот има пресудна улога во трансформацијата на едно претпријатие кон дигитално претпријатие и следење на современите технолошки трендови. Лидерот треба да биде отворен за промени. Зборуваме за еден тип на отворено лидерство, коешто треба да зрачи со делување преку пример. Лидерот мора да има разбирање за своите вработени и за тоа како применетата технологија и концептот за дигитализација на претпријатието ќе има влијание врз неговите вработени. Оттука, можам да кажам дека најзначајна е улогата на лидерот. Токму затоа во денешно време повеќе не зборуваме за менаџирање и менаџмент, туку зборуваме за лидери и лидерство во рамките на една компанија.

Пари: Која е улогата на Еос Матрикс? Каков импакт има компанијата во контекст на одржливоста и ликвидноста во финансискиот систем во земјата?

Бошевска: Она што ние се трудиме да го направиме е да го воведеме тој еквилибриум, тој баланс во должничко-доверителските односи, односно да ја вратиме ликвидноста повторно назад во економијата. И со тоа да ослободиме дополнителни средства за нови инвестиции, па дури можеме да направиме врска со претходно вложување во дигитализација и во иновативни технологии за водење на бизнисот. Сметам дека она што ние го работиме, алатките, моделите што ги применуваме на нашиот пазар се усогласени во целост со европските практики, со европските вредности. Нешто, што сметам, дека е потребно на нашиот пазар и треба час поскоро да се прилагодиме кон нив. Затоа, мојата оценка би била дека улогата на компанија како Еос е од исклучително значење севкупно за економијата. Економијата треба да најде начини како да создаде добра клима за да функционираат компании како Еос на нашиот пазар.

Пари: Кои се Вашите очекувања за влијанието на вештачката интелигенција врз човечкиот капитал?

Бошевска: Интерсно е дека нашата компанија традиционално се базира на човечките ресурси како основи ресурси за спроведување на нашата дејност. Меѓутоа, ние како компанија имаме имплементирано вештачка интелигенција во нашето работење. Неодамна Групацијата го воведе асистентот базиран на вештачка интелигенција за комуникација со нашите корисници. И нашата компанија во Македонија интензивно работи на имплементација на еден таков модел. Искрено, не гледам никаква опасност и не гледам никаква загрозеност за човечкиот капитал од вештачката интелигенција. Зашто, вештачката интелигенција, во принцип, се базира на знаењето и на искуството што го носи човечкиот капитал. Јас верувам дека врската ќе се продлабочи и колку што поагресивно одиме со примена на вештачката интелигенција во нашето секојдневно работење, сѐ повеќе ќе ни треба човечкиот капитал како еден катализатор и како еден насочувач на тоа – во која насока нам ни е потребна вештачката интелигенција.

https://pari.com.mk/intervju-goran-antevski-rade-koncar-e-kompanija-sto/

Катерина Михајлова

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • БИЗНИС ЛИДЕР
  • ЕОС Матрикс
  • интервју
  • Катерина Бошевска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk