Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Интервју

ИНТЕРВЈУ | Јасмина Поповска: пристапот до финансии и регионалниот пазар на капитал

14 јун. 2021 г.·6 мин читање·2031 прегледи

Следете не на Viber

Јасмина, многу ви благодараме  што ни се придруживте. Вие бевте дел од различни програми во PrimePoint Partners, каде претходно им предававте на старт-ап компании и претприемачи на првата акцелаторска програма за напредни и применети технологии.  Може ли да им кажете на нашите читатели малку за себе и што ве инспирираше да работите во финансискиот и иновативниот сектор?

Секогаш е одлично да се биде дел од новите иницијативи предводени од PrimePoint Partners, особено од новите програми за зајакнување на старт-ап компаниите кои се остварија за кратко време. Јас работам во финансискиот сектор од 2006 година, сепак во текот на изминатите 8 години се фокусирав на тоа да работам како овозможувач на иновативниот екосистем и да работам директно со старт-ап компании. Големо задоволство е да се работи во отворено иновативно опкружување и да се биде секој ден во контакт со креативни и талентирани луѓе кои се обидуваат да ги решат предизвиците со кул технологии. Уживам во тоа што го работам и би рекла дека тоа не е работа, туку страст.

Некои можеби мислат дека финансискиот план е можеби најмалку пријатниот аспект на деловното планирање, но, како и да е, тој исто така се смета како еден од најважните. Зошто е тоа така, и како може финансискиот план да го насочи нечиј бизнис кон успех?

Во претприемништвото, финансиските аспекти се неизбежни, но би рекла дека посветеноста и водството на тимот се најважниот дел. Што би значело, дури и ако на тимот му недостасуваат финансиски вештини, тоа не е нешто што не може да се надмине со соодветно менторство и поддршка. Основниот бизнис и финансиски план е првиот чекор да се разберат сите аспекти на идејата или новиот потфат и да се подготви за нејзино спроведување. Без финансиски план, не може да се знае кои се потребните ресурси, стратегијата за раст и целите. Со добро разбирање на финансиските потреби, тимот или компанијата е во позиција да ги идентификува вистинските финансиски инструменти за таа цел и да ги убеди финансиерите.

Управувањето со финансискиот ризик е важно за компанија која сака да обезбеди инвестиции, кои чекори можат да ги преземат за да се минимизира ризикот и да се привлечат повеќе инвеститори?

Како и за сите ризици во бизнисот, во тимот треба да има свесност дека тие постојат, треба да се процени нивната веројатност да се случат и да се испланираат активности за нивно ублажување со фокусирање на приоритетите. Кога станува збор за финансирање на идеја или компанија, најголемиот ризик е да снема готовина, па затоа е многу важно подготовките да започнат доста рано. Бидејќи за собирање средства е потребно време, а одлуката на финансиерите и инвеститорите може да трае неколку месеци, планирањето за следната рунда на финансирање треба да започне пред да има потреба. Во спротивно, старт-ап компаниите што остануваат без готовина може да имаат сериозни последици во врска со растот на бизнисот. Инвеститорите претпочитаат старт-ап компании кои знаат како да управуваат со своите финансии, ризици и проток на пари, кои се подготвени и имаат одредена минимална еластичност, бидејќи тоа е показател за искусен тим со јасни цели и контрола.

Каков совет имате за сопствениците на деловните субјекти и менаџерите кои размислуваат и ја подготвуваат својата компанија или старт-ап за инвестиции во капитал?

Освен деловниот и финансискиот план, секогаш е добро да се направат истражувања за финансиерите и инвеститорите и да се пристапи само кон оние што одговараат на потребите на старт-ап компаниите, но и оние чија што стратегија за инвестиции се вклопува со старт-ап компанијата. Инвеститорите секојдневно запознаваат многу старт-ап компании, па затоа не треба да се пропуштаат шансите, особено ако се има предвид дека првиот состанок е секогаш клучен. Затоа, старт-ап компаниите не треба да бидат само добро подготвени, туку исто така треба да бидат искрени и отворени за споделување информации, градење доверба и одржување на добра репутација.

Дали гледате зголемување на деловниот потенцијал и инвестиции во македонски компании и старт-ап  компании, и пошироко во балканскиот регион, од инвеститори надвор од регионот?

Гледаме сè поголем број на брзо растечки и иновативни компании во регионот, кои успеваат на европско или глобално ниво, главно со свои ресурси, што е охрабрувачки. Сепак, пазарот накапитал не ги следи овие развојни трендови и потреби со исто темпо, со исклучок на Хрватска и Бугарија во изминатите неколку години. Балканскиот регион е моментално фрагментиран и не е толку привлечен за поголемите европски инвеститори; сепак, иницијативите предводени од Европската комисија, ЕИБ и ЕИФ се позитивни за понатамошно поврзување на локалните иновативни еко-системи и стимулирање на инвестиции во капитал. Потребна е дополнителна поддршка од македонската и регионалната иновативна инфраструктура од јавниот и приватниот сектор за да се создадат подобри услови за старт-ап компании, инвеститори и деловни активности воопшто. Сепак, не се само инвестициите, потенцијалот за раст и привлечноста на старт-ап компаниите се поврзани со нивната потенцијална интернационализација и големината на пазарот. Значи, постои потреба за создавање поголем почетен пазар на регионално ниво за фирмите со ниски бариери за влез и овозможување инфраструктура за нивно меѓународно проширување. Како и да е, и понатаму преовладува размислувањето и дејствувањето во рамките на националните граници и фокусот е на националните шеми за јавно финансирање што е ограничувачки фактор, особено во случај на помали екосистеми како што е македонскиот. Јавното финансирање треба да биде алатка за стимулирање и ангажирање на локални и меѓународни приватни инвеститори, а не инструмент за нивно заменување.

Јасмина, работиш со ЕИТ Производство, кое се наоѓа во Виена; може да ни кажете за целта и мисијата на компанијата и како можат да се вклучат претприемачи и бизниси од Македонија?

Јас сум дел од заедницата за знаење и иновации на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) скоро четири години. Почнав како менаџер на сите програми на ЕИТ Дигитал во Централна и Источна Европа и се преселив во на ЕИТ Производство во 2020 година.  ЕИТ Производство е паневропска мрежа каде најголемите играчи во индустријата, врвните универзитети, како и истражувачки и технолошки организации во Европа соработуваат за создавање на поотпорни, поодржливи, зелени и социјални влијанија на производниот сектор. Ние се обидуваме да донесеме иновации на пазарот во рок од една година и да развиеме старт-ап компании на пазарите низ цела Европа. Програмите за создавање на нови бизниси кои ги имплементираме се отворени за македонските старт-ап компании и тимови, обично преку повици или на наша покана.

Доколку сакате да добиете редовни совети од експерти, информации за донаторски програми и можности за финансиње, пристап до странски пазари и анализи на пазарите, пријавете се на newsletter на PrimePoint Partners, ТУКА.

Автор: Стефани Таскова Митева

Клучни зборови

  • EIT Manufacturing
  • PrimePoint Partners
  • Јасмина Поповска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk