Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

БРЗА ПРОВЕРКА НА СЕКОЈ КОРИСНИК ВО КОЈ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД Е ЧЛЕН: Ставена во функција нова интернет страница на МАПАС

11 окт. 2021 г.·3 мин читање·2035 прегледи

Следете не на Viber

Новата интернет страница овозможува поедноставен пристап до сите информации поврзани со капитално финансираното пензиско осигурување за учесниците, сите заинтересирани страни и пошироката јавност.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) стави во функција нова интернет страница www.mapas.mk, во насока на, како што соопшти, поголема интерактивност со јавноста, со цел континуирано обезбедување на транспарентност на капитално финансираното пензиско осигурување и објаснување на карактеристиките, можностите и предностите на капитално-финансираното пензиско осигурување, на јасен и разбирлив начин за граѓаните. Целта, потенцираат, е подобрување на транспарентноста и отчетноста за работењето.

– Новата интернет страница овозможува поедноставен пристап до сите информации поврзани со капитално финансираното пензиско осигурување за учесниците, сите заинтересирани страни и пошироката јавност. Креирањето на новата интернет страница, www.mapas.mk, е уште една од серијата активности кои ги презема МАПАС во насока на исполнување на својата мисија – заштита на интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, соопштија од МАПАС.

Изработена во тек со најсовремените трендови, како што истакнуават, www.mapas.mk овозможува „лесна” навигација, при што сите клучни информации за јавноста се лесно достапни. Обновената интернет страница е компатибилна и за мобилни уреди како смартфон, таблет…

Новата интернет страница содржи едноставна дигитална алатка https://mapas.mk/proverka-i-raspredelba-na-osigurenik/ за брза проверка на секој корисник во кој задолжителен пензиски фонд е член. Оваа алатка, освен што на корисникот му дава информација во кој пензиски фонд е член, истовремено го известува и за начинот на кој може да ја следи својата индивидуална сметка.

– Овозможен е и побрз и постојан увид на бројот на членови и вкупниот износ на нето средствата во задолжителните и во доброволните пензиски фондови. Меѓу новите функционалности на интернет страницата е можноста за дигитално поднесување на изјави и барања, како и можност за дигитално пријавување на неправилности до МАПАС. Дополнителна можност на интернет страната е и пристапот во регистарот на агенти на пензиските друштвата заради директен контакт и добивање корисни информации од агентите на пензиските друштва, посочуваат од МАПАС.

Како што појаснуваат, сите заинтересирани страни и надворешни корисници кои сакаат да се информираат подетално за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување и за работата на МАПАС, имаат можност тоа да го сторат преку јасно организираните целини на интернет страницата и преку пристап до документите во дигитална форма.

Кликните [ тука ] и внесете ембг за да проверите во кој задолжителен пензиски фонд членувате..

Клучни зборови

  • Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
  • интернет страница
  • МАПАС
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk