Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Интеграција на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија

6 окт. 2020 г.·2 мин читање·434 прегледи

Следете не на Viber

Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје и Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на 5 октомври донесоа одлуки за отпочнување интеграција на двете банки. На двете собранија се донесоа одлуки за отпочнување на постапката за присоединување пред Народната банка на Република Северна Македонија.

Целокупниот имот и обврски на Охридска банка ќе се пренесат во замена на акции од Шпаркасе Банка Македонија, без спроведување процес на ликвидација. Акционерите на Охридска банка ќе се стекнат со акции на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во сооднос што ќе биде пресметан во согласност со применливата регулатива и утврден во Спогодбата за присоединување.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за целите на размената, ќе ја зголеми основната главнина со издавање на акции преку приватна понуда, во согласност со применливата регулатива за вршење статусни промени.

За целите на присоединувањето, надзорните одбори на двете банки ќе склучат Спогодба за присоединување, која ќе ги содржи податоците предвидени со Законот за трговските друштва. Спогодбата за присоединување ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранијата на акционери на двете банки, а по претходно добиена дозвола за статусна промена од Гувернерот на Народната банка.

„Сакаме да воспоставиме стабилна и добро капитализирана банка со пазарен удел од над 12%. Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ е посветена да ја поддржи економијата во Северна Македонија, да биде доверлив партнер, бидејќи ние сме долгорочен стратешки партнер во Северна Македонија. Комбинираната банка со нејзиното искуство и сеопфатност ќе претставува силен партнер и за интернационалните и за компании и инвеститори од ЕУ што се активни во Северна Македонија. Со интеграцијата на двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ние ќе бидеме една од водечките универзални банки во Република Северна Македонија“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе

Клучни зборови

  • Георг Бухер
  • Охридска банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија
  • Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk