Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Инспекторите ажурни: Пет маркети – пет дена со катанец на врата

25 сеп. 2023 г.·3 мин читање·463 прегледи

Следете не на Viber

И претседателот Бранко Азески порача да постапуваат инспекторатите на терен, го почитуваме тоа како порака и еве ние му ја исполнивме желбата, ќе се почитуваат законските одредби за казнување и затворање на одредени компании кои работеле спротивно на законските одредби – вели Бектеши

 

 

Меѓу маркетите што беа затворени во текот на изминатиот викенд се и „Веро“ и „Вива фреш“, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши, во одговор на новинарско прашање, коментирајќи дека не му претставува проблем да каже кој не ја почитувал владината Одлука за намалување на цените.

Според него, во државата има осум до десет големи синџири со маркети во речиси секој град.  Тие покриваат најголем дел од трговијата, прават најголем промет и „логично е што Државниот пазарен инспекторат токму кај нив ги правеше првите контроли“. А, компромиси ќе нема, така што мерките ќе бидат целосно реализирани.

Министерот ги испрати пораките од компанијата „Алма М“, која што беше со ремиерот Димитар Ковачевски и со директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

„Со последната владина мерка кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 до 40 отсто. Со оваа мерка придонесуваме, и покрај инфлациските притисоци заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани“, рече премиерот. Кој освен апелот за почитување на одлуката, упати и благодарност до инспекторите од ДПИ „за ажурноста и ефикасноста во проверките“.

Како што посочи Ковачевски, сите мерки што се носат имаат економски, но пред сè социјален карактер, зашто со нив се штитат „пензионерите, ранливите категории граѓани, невработените лица, самохраните родители, сите корисници во системот на социјална помош, работниците, особено оние со пониски примања“.

Веќе утре ќе се донесе и најавената одлука за намалување на цените на алкохолните и на безалкохолните пијалаци. Се прави и анализа за хигиенските производи, наведе Бектеши.

Инаку, за укажувањето од Антони Пешев од Стопанската комора дека кус бил периодот за престројување, министерот коментира дека одлуката не е донесена преку ноќ, а трговците имале рок да ги направат сите измени.

„Имам одлична соработка со Стопанската комора, го слушав претседателот Бранко Азески кој порача да постапуваат инспекторатите на терен. Го почитуваме тоа како порака и еве ние му ја исполнивме желбата, ќе се почитуваат законските одредби за казнување и затворање на одредени компании кои работеле спротивно на законските одредби“, нагласи Бектеши.

Директорот на ДПИ, пак, рече дека петте маркети ќе бидат затворени пет дена.

Клучни зборови

  • ДПИ
  • инспекција
  • казни
  • супермаркети
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk