Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИНСАЈДЕР ИД И ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

1 ное. 2020 г.·3 мин читање·754 прегледи

Следете не на Viber

Потпишан е меморандум за основање на стратегиско партнерство за научно-истражувачки проекти помеѓу Економски Факултет – Скопје и агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. Економски Факултет – Скопје како една од најдобрите високообразовни институции со одлуката ќе го приближи сегментот на бизнис истражувања и консалтинг до студентите на факултетот.

“Идејата е заедничко работење од научно-истражувачки проекти до макроекономски анализи кои што бидат од поширок интерес. Вакви соработки се од клучно знаење за унапредување на образовниот процес и бизнис секторот во државата. Преку преносот на знаење и креирање на вакви партнерства се зголемува можноста за унапредување на работењето на сите инволвирани страни и општеството во целина. Ние како Економски Факултет – Скопје долго сме водечки факултет и секогаш се внесуваме и претставуваме нови можности како за студентите така и за вработените. Во период кога се соочуваме со можеби најголемата економска и здравствена криза што ќе ја доживееме, блиската соработка помеѓу сите интересенти на општеството е одржлива шанса да ја надминеме тековната состојба и да поставиме основа за идни успеси.” – Изјави Деканот на Економски Факултет – Скопје Проф. Д-р Предраг Трпески

“Потребна е поголема соработка помеѓу бизнис секторот и високо образовните институции. Инсајдер ИД соработува со Економски Факултет – Скопје подолг временски период преку гостински предавања, пракси и присуство на конференциите организирани од факултетот. Со овој меморандум, ќе ја издигнеме соработка на повисоко ниво. Студентите ќе имаат прилика да го користат нашето знаење, експертиза и алатки во нивните истражувања, да работат со нас на реални проекти и многу поблиску да се запознаат со бизнис секторот. Лично се надевам и ќе работам на тоа да поставиме нови бизнис стандарди преку креирање на модели, методологии и стратегии не само во државата туку и на интернационално ново. Инсајдер ИД како домашна истражувачка и консалтинг агенција ќе продолжи со активностите и целите за унапредување на бизнисот.” – изјави Сергеј Зафироски – Генерален менаџер на Инсајдер ИД

“Со соработката се предвидува и организација на неколку заеднички истражувања на Економски Факултет – Скопје со Инсајдер ИД на макро-економски теми со што и пошироката јавност и економија би имале бенефит. Меѓу другото, Инсајдер ИД ќе овозможи пристап на својот софтвер до сите студенти и вработени на факултетот кои имаат интерес да извршат научно истражувачки проекти користејќи професионален систем.” – изјави Продеканот за наука и меѓународна соработка Проф. Д-р Мијалче Санта.

Целта е да се поттикне и поголема соработка помеѓу компаниите и високо-образовните институции за зголемување на подготвеноста на студентите за реалниот бизнис, иновативноста и претприемништвото во државата.

Клучни зборови

  • Економски Факултет – Скопје
  • Инсајдер ИД
  • Меморандум за соработка
  • Сергеј Зафироски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk