Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ПАД, НО ХРАНАТА ПОСКАПЕ?! Владата со апел трговците да ги намалат маржите

29 авг. 2024 г.·3 мин читање·3539 прегледи

Следете не на Viber

Македонското население подолго време е во „менгемето на економска криза, инфлација и растечки цени“.
За граѓаните сѐ е поскапо, а пазарењето и снабдувањето со намирници потребни за пристоен живот е сѐ потешко.

Една неодамнешна спроведена анкета за перцепциите и ставовите на граѓаните и домаќинствата за инфлацијата во Македонија покажува дека „вината за растот на инфлацијата граѓаните ја лоцираат првенствено кај Владата, а потоа се глoбалните предизвици и приватниот сектор, односно производителите и маркетите“

Инфлацијата сѐ уште тешка за менаџирање, а проблематиката е повеќеслојна.

Според Владата, нивото на инфлацијата во последните месец-два се смирува и е на ниво на 3 отсто. Оттаму истакнуваат дека нивото треба да биде уште пониско, со можност да премине во дефлација, наместо да имаме инфлација.

Од Владата сметаат дека цените на прехранбените производи треба да бидат пониски и апелира до трговците максимално колку што можат да ги намалат маржите.

– Ние сме пазарна економија, пазарот ги диктира цените. Ако влеземе во една политика на ограничување, тогаш видовте какви резултати ни даде таа политика-ни даде спротивни ефекти од тие што ги очекувавме. Затоа, политиката на оваа Влада е да поддржува инвестиции и затоа не е политиката на оваа Влада да одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка, затоа што парите на тој начин губат вредност и иста количина на пари по еден месец ја губи својата вредност и деноминира, би рекол за десетина проценти – истакна премиерот Христијан Мицкоски.

https://pari.com.mk/idninata-vo-vasiot-dom-so-aparatite-za-domakinstvo-od-samsung/

Цените се зголемени, особено на оние производи што се дел од потрошувачката кошничка на граѓаните, што негативно се одразува врз нивните семејни буџети.

Секоја инфлација негативно влијае, не само врз џебот на граѓаните, туку и врз севкупната економија. Државата е таа што мора да ја држи под контрола инфлацијата, но истовремено да внимава да не го оптовари државниот буџет.

Според економски експерти кои се занимаваат со оваа проблематика, проблемот со инфлацијата е многу сериозен и на него треба сериозно да се работи, зашто досегашните поскапувања се проблематични.
– Треба да се оди многу внимателно, да се дизајнираат политиките, зашто тоа удира директно на потрошувачката кошница. Мора да се дејствува координирано и да се менаџира мешавината од политички, фискални и монетарни политики, за да се избере помалку лошиот резултат – посочи неодамна универзитетскиот професор Абдулеманф Беџети.

Клучни зборови

  • граѓани
  • дефлација
  • економија
  • инфлација
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk