Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Инфлацијата во Австрија во април највисока од 1981-ва

19 мај 2022 г.·2 мин читање·1115 прегледи

Следете не на Viber

Инфлацијата во Австрија во април достигна 7,2 отсто годишно, што е највисока од октомври 1981 година. Во однос на март, нивото на цените е зголемено за 0,3 отсто, а трошоците за транспорт и домување учествуваат со три петтини од инфлацијата.

Покрај горивото и енергијата, зголемувањето на цените на храната ја забрза и зголемената инфлација, соопшти Националното биро за статистика. Цените на транспортот во април пораснале во просек за 17,7 отсто во однос на пред една година, додека цените на горивата се за 49,1 отсто повисоки од април 2021 година, јавува виенскиот курир.

Домовите, водата и енергијата поскапеа во просек за 9,4 отсто. Енергенсите за домаќинствата поскапеа во просек за 28,8 отсто. Најмногу поскапе бензинот за 68,7 отсто, а струјата за 8,5 отсто. Храната и безалкохолните пијалоци поскапеа за 8,4 отсто, а рестораните и хотелите во просек поскапеа за 6,4 отсто.

За рекреација и култура требало да се одвојат 3,2 отсто повеќе пари, а вообичаените дневни и неделни набавки се зголемени за 7,7 отсто. Месото поскапе за 10,7 отсто, лебот и пецивата за 8,2 отсто, а зеленчукот за 10,1 отсто. Млекото, сирењето и јајцата чинат 6,9 отсто повеќе, а маслото и мастите 18,2 отсто. Кафето поскапе за 11,4 отсто.

Клучни зборови

  • австрија
  • април
  • инфлација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk