Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Скап живот, висока инфлација – 2023 со стапка од 9,4 проценти

9 јан. 2024 г.·3 мин читање·1341 прегледи

Следете не на Viber

Минатата година ја завршивме со инфлација од 9,4 проценти. Декемвриската стапка, пак, изнесувала 3,6 проценти.

Индексот на трошоците на животот во 2023, а во однос на 2022 година бележи пораст од 9,4, додека индексот на цените на мало е 7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Воедно, се посочува дека во последниот месец од годината индексот на цените на мало забележал раст од 3,7 насто, споредено со истиот месец од 2022.

Според пласираните податоци, индексот на трошоците на животот во декември лани, споредено со ноември изнесува 100.2, а индексот на цените на мало 101.0.

Пораст на индексите е забележан во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6 %, ресторани и хотели за 12,7 %, храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 %, разновидни стоки и услуги за 11,6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8,0 %, рекреација и култура за 6,7 %, здравје за 4,6 %, облека и обувки за 4,4 %, образование за 2,9 %, комуникации за 1,1 % и транспорт за 0,5 %.

Исто така, се посочува дека движењето на индексот на цените на мало било различно кај одделни групи производи. Или, пораст е забележан во сите групи – индустрископрехранбени производи за 12,5 %, пијалаци за 9,7 %, жземјоделски производи за 8,5 %, услуги за 6,0 % и индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5,3 %.

Во декември е евидентирано и зголемување од 0,2 % кај индексот на трошоците на животот, а во  однос на претходниот месец. Тоа се образложува со повисоките индекси на виното за 1,3 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7 %, пивото за 0,6 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0,3 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 %.

Исто така, во изминатиот декември поскапувања имало и кај воздухопловниот патнички транспорт за 38,7 %, туристичките аранжмани за 6,8 %, електричните апарати за лична хигиена за 2,7 %, снабдувањето со вода, патниот патнички транспорт за 1,6 %, облеката за 1,5 %, големите алатки и опремата, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,2 %, поправките и изнајмувањето на обувки за 1,1 %, фармацевтските производи, услугите за рекреација и спорт, рестораните, кафулињата и слично за 0,8 %, поправката на апаратите за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,7 %…

За разлика од претходниот, списокот на производи и услуги кои поевтинеле во декември е покус: свежо и разладено овошје за 4,9 %, риба и морски плодови за 0,6 %, течни горива за домаќинствата за 6,0 %, услуги за сместување за 5,5 %, парамедицински услуги за 4,7 %, горива и мазива за сопствените превозни средства за 3,7 %, градини, растенија и цвеќиња за 1,2 %, мали електрични апарати за домаќинствата, производи за домаќинствата – нетрајни за 1,0 %, големи електрични апарати за домаќинствата, резервни делови и прибор за сопствените превозни средства, други лични предмети за 0,3 %, друга облека и додатоци за облека, моторни возила за 0,2 %.

 

 

 

 

 

 

Клучни зборови

  • годишна стапка
  • ДЗС
  • инфлација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk