Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Индустриското производство во ЕУ се зголеми за 0,5%, во еврозоната за 0,8%

19 јун. 2021 г.·2 мин читање·970 прегледи

Следете не на Viber

Индустриското производство во Европската унија се зголеми во април 2021 година, според сезонски прилагодените податоци за 0,5 проценти во споредба со март, а во еврозоната за 0,8 проценти, според првичните проценки на Заводот за статистика на ЕУ Евростат.

Во март годинава, растот на индустријата во ЕУ беше 0,8 проценти, додека производството во монетарниот блок беше поголемо за 0,4 проценти.

На годишно ниво, индустриското производство во април се зголеми за 38,7 проценти, а во еврозоната за 39,3 проценти, според веб-страницата на Евростат.

Од земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци, најголемо месечно зголемување на индустриското производство во април е забележано во Белгија (7,4%), Малта (5,6%) и Естонија (4,4%), додека најголемото намалување е забележано во Данска, (-3,8%), Унгарија (-3,2%) и Литванија (-2,4%).

Во споредба со април минатата година, растот на индустријата е регистриран од сите земји од 27-члениот блок, а највисок раст е постигнат во Италија (79,5%), Словачка (69,1%) и Романија (64,5%).

Хрватските медиуми јавуваат дека индустриското производство во оваа земја за прв пат паднало во април во последните шест месеци, за 2,1 процент во споредба со март и дека ова е прв пад во последните шест месеци.

Тие исто така додаваат дека, кога станува збор за растот на индустријата на годишно ниво, Хрватска е меѓу трите земји со најниски двоцифрени стапки на раст на производството во април, со износ од 17,3 проценти.

Во споредба со април 2020 година, индустриското производство во Естонија се зголеми за 16,8 проценти, а во Малта за 17,5 проценти.

Клучни зборови

  • Европската Унија
  • индустрија
  • индустриско производство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk